Важни чекори за да го трансформирате своето тело засекогаш 1

Важни чекори за да го трансформирате своето тело засекогаш

Дали во својот календар за одлуки запишавте дека 2017 година ќе биде годината во која ќе го добиете телото кое од секогаш сте го посакувале? Погледнете ги неколкуте критични фактори на кои треба да внимавате доколку сакате да го трансформирате своето тело засекогаш.

Во почетокот на секоја година секој сака свеж нов почеток кој ќе го направи посреќен и позадоволен со себе, но иако одлуките сме ги донеле, многумина уште пред да го започнат своето трансофрмациско патување ќе се откажат. Што ги издвојува оние кои се откажале од своите зацртани цели и оние кои успешно го траснформирале своето тело, а со тоа и многу аспекти на својот живот? Еве на што треба да посветиме внимание!

Важни чекори за да го трансформирате своето тело засекогаш 2

Емоционалната состојба

Најважниот фактор од кој зависи вашата мотивација за донесување на одлуки е емотивната состојба. Како се чувствувате за својата моментална здравствена состојба и навики во исхраната? Зошто ви е важно да го промените својот изглед и здравје во нова подобра насока? Запишете листа со причини зошто ви е потребна промената и користете ја оваа листа како мотиватор и одличен потсетник зошто ви е потребна транформацијата.

Оптимално хранливи избори на храна

Здравата исхрана е многу важен фактор, нели? Знаеме дека треба да јадеме многу зеленчук и да пиеме многу вода и тие навики да ги примениме во секојдневната исхрана, а не само во краткорочните диети. Исто така, протеините ќе ни овозможат да добиеме повеќе мускулна маса. Секој од нас веќе е свесен како свежата термични необработена храна, чистиот протеин и храната богата со здрави масти ќе ни помогнат во патот кон поздравата верзија од себе. Оптимално хранливите избори на храна се одличен почеток. Внесувањето на вистинските нутриенти ќе ви помогне во ослободување на токсинитеи непотребните отпадни материи од телото. Со подобар избор на храна вашето тело ќе биде повитално, ќе се чувствувате посвежо, полесно и поздраво.

Соодветна активност и вежбање

Како што храната е информација за нашиот метаболизам, така и движењето може да биде порака која ја пренесуваме до телото да се движи повеќе или пак да одмори. Движењето е многу важно за одржување на мускулната маса, здравјето на коските, физичката кондиција и секако тонираниот изглед. Нашиот код постојано ни кажува да се движиме, а понекогаш да се движиме се додека не ги исцрпиме последните сили од нашите мускули. Во трансформирањето на телото, физичката активност се користи за подобрување на кондицијата а со тоа и здравјето.
Движете се фрекфентно во текот на целиот ден, па дури и доколку вашата работа вклучува седење по целиот ден. Издвојувајте време и во движечка позиција завршувајте некои од своите активности. Движете се повеќе. Пробајте и да издвоите барем еден ден неделно за да трчате или пак пешачите. Во текот на целиот живот соодветната физичка активност ќе се рефлектира врз вашите мускули, коски и метаболизам и ќе биде рефлексија на вашиот труд (или недоволно вложување на труд).

Соодветен одмор

Нашите тела може да претпрат лоши начини на исхрана, тие може да истрпат и голем физички напор, меѓутоа ништо не може полошо да делува на целокупната добро состојба од недостатокот на квалитетен одмор. Добриот сон и одмор се неоходни за да се чувствувате добро! Направете го свој приоритет и одморајте до 8 часа навечер со цел да го ‘’регенерерирате’’ своето тело. Тој добро влијае и на општата здравствена состојба затоа што му дава нова енергија на телото потреба за да функционира нормално во текот на следниот ден но воедно и да му даде енергија на телото.

На телото потребни му се 3-4 недели за да започне да покажува реални знаци за подобро здравје, подобра физичка кондициција и изглед. Бидете реални кон себе, зацртајте си цели и не заборавајте дека добросостојба и добриот изглед треба да ви се приоритети. Вистински ќе започнете да се трансформирате кога ќе бидете емоционално спремни да се откажете од лошите навики и започнете да усвојувате нови,подобри.

Не се обесхрабрувајте се околу резултатите. Факторите како исхраната, генетиката, целокупната здравствена состојба и психолошките промени може да имаат големо влијание на резултатите. За правилна комбинација на додатоците за слабеење консултирајте се со нашиот тим кој ќе ви помогне и да ве насочи кон оптималниот избор за вас и секако ќе ви ги даде вистинските насоки кон постигнување на посакуваните резултати.

Ви препорачуваме да прочитате: Имајте поздраво и поубаво тело, ослободете се од салото на стомакот.

Сподели: