prilog od tikvicki

Вегетаријански прилог од тиквички и модри патлиџани

Посно, вкусно, летно и здраво! Од кујната на Невена ни доаѓа уште еден лесен рецепт за здрав прилог од тиквички и модри патлиџани.

Таа вели: „Топлиот прилог може да го послужите со тестенини, ориз, компири или печено месо. При подготовката јас користев домати од конзерва, но може да се употребат и 4-5 свежи претходно излупени и исечкани.“

прилог од тиквички

Состојки:

  • 2 средни модри патлиџани
  • 2 средни (600 гр) тиквички
  • 1 конзерва (400 гр) сечкани домати
  • 3 чешниња лук
  • неколку листови босилек
  • по потреба сол и масло.

Подготовка:

  1. Најпрво излупете ги тиквичките и црните патлиџани, исечкајте ги на помали коцки и ставете ги во посебни чинии. Посолете ги со сол и оставете ги околу 30 минути да ја испуштат водата. Потоа исцедете ги и измијте ги со малку вода за да не се премногу солени. Исушете ги со кујнска салфетка.
  2. Во тава ставете масло (околу 15-на лажици) да се загрее. Во загреаното масло прво испржете ги тиквичките со постојано мешање да не изгорат. Со лажица – решетка извадете ги на страна. Во истата тава испржете ги и црните патлиџани, да омекнат и потоа и нив извадете ги на страна.
  3. Лукот ситно исечкајте го и пропржете го во маслото колку да замириса. Потоа додајте ги доматите и сосема малку пржете ги со лукот.
  4. Додајте ги тиквичките и патлиџаните, листови босилек и сол ако е потребно. Со мешање пржете ги уште 2-3 минути колку да се спојат вкусовите. Топлиот прилог од тиквички и модри патлиџани послужете го веднаш со тестенини, ориз, компири или месо по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: 9 испробани рецепти со тиквички.

Сподели: