Велигденски чоколадни јајца со путер од кикирики

Велигденските празници ни се на прагот и време е да ги подготвиме највкусните и најслатките празнични колачиња. Споделуваме со вас еден интересен и многу лесен рецепт за велигденски чоколадни јајца со путер од кикирики. Тие се ем вкусни, ем декоративни, па топло ви препорачуваме да ги пробате и да се засладите овие празници.

Совршен спој на вкусови и сензации на чоколадо и неодолива арома на кикирики претопени во кремасти колачиња кои се топат во уста. Сигурни сме дека ќе станат дел од вашата традиција и ќе ги приготвувате повторно и повторно секоја година. Не двоумете се и пробајте ги!

Велигденски чоколадни јајца со путер од кикирики

Состојки:

  • 200-450 г шеќер во прав
  • 1 чаша путер од кикирики
  • ¼ чаша путер
  • 1 лажица млеко.

За глазура:

  • 100 – 200 г чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло.

Подготовка:

  1. Во сад на пареа растопете го чоколадото. Во растопеното чоколадо додајте 1 лажица масло.
  2. Со вака подготвената смеса премачкајте ги силиконските калапи со помош на готварска четка и ставете ги во замрзнувач за да се стегни чоколадото.
  3. Во меѓувреме подгответе ја смесата за колачињата. Во сад за матење изматете ги шеќерот, путерот од кикиритки и путерот. По потреба додавајте шеќер во прав или малку млеко доколку смесата е премногу густа.
  4. Во калапите со чоколадо додајте од вака подготвената смеса. Со помош на шпатула добро израмнете ги колачињата и повторно ставете ги во замрзнувач за да се стегнат.
  5. Откако колачињата добро ќе се стегнат внимателно извадете ги од калапите. Украсете ги со шеќерни цветови и други украси по ваша желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденски куглоф со мармалад и суво овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

 

Сподели: