Вкусно домашно фрапе од тиква 1

Вкусно домашно фрапе од тиква

Во сезоната на изобилство од тикви, не треба да пропуштиме да пробаме вака нешто вкусно! Ако сакате да направите промена во секојдневието, ова е вистинската можност. Подгответе си вкусно домашно фрапе од тиква!

За рецептот и за тоа што ја збогатува нашата страница со креативни идеи, се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone.

Вкусно домашно фрапе од тиква 2

Состојки:

  • 1/2 чаша пире од тиква
  • 200 мл млеко
  • малку сварено црно кафе
  • шеќер по вкус
  • слатка павлака за декорација
  • цимет по потреба.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете го пирето од тиква и додајте го топлото или ладно млеко, зависно од тоа како обожавате да ги пиете напитоците.
  2. Додајте шеќер по вкус и прстофат цимет, а потоа се убаво изблендирајте.
  3. Смесата турете ја во висока чаша и дополнете со црно кафе во количина по желба. Во овој чекор не треба да мешате, туку само да го турите кафето.
  4. На крај, декорирајте со слатка павлака и послужете го одделно или во придружба на омилените колачи. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен и природен густи сок од тиква.

Сподели: