вода за оброк

Дали треба да се пие вода за време на оброк?

Сигурно и вие имате слушнато дека дневно треба да се испијат 8 чаши вода за да бидеме здрави и полни со енергија. И покрај тоа што водата е многу важна за нашето здравје, доколку пиете вода за време на оброк, може да го забавите процесот на варење на храната.

Вистината е дека дигестивниот систем работи ефикасно само кога има доволно течности, но тоа не значи дека треба постојано да се пие ладна вода заедно со оброкот. Преголемата количина на вода со оброкот може да ја наруши природната концентрација на желудочната киселина која е потребна за правилно да се вари храната. Исто така, преголемата количина на ладна вода за време на оброкот може да го забави варењето, па и да предизвика појава на грчеви во стомакот кај некои лица.

вода за време на оброк

Кога е најдобро да се пие вода?

Основно правило што го препорачуваат нутриционистите е да не се пие вода 15 минути пред да започнете да јадете и да не пиете вода барем еден час по јадењето. Но, сите знаеме дека ова е тешко да се примени, па затоа еве некои совети кои ќе ви помогнат да ја постигнете оваа цел и да го подобрите варењето на храната.

Пијте вода во мали голтки

Не мора целосно да ја исклучите водата за време на оброците. Наместо тоа, може да испиете неколку мали голтки за време на оброкот. Тоа ќе ви помогне да ги исчистите непцата и сепак да внесете доволно течност доколку оброкот е сув (на пример, кога ќе јадете сендвич). Во водата која ја пиете може да додадете малку лимонов сок или јаболкова киселина кои го помагаат варењето на храната.

Подобро е да пиете млака или топла вода, наместо ладна

Ладните пијалаци не се препорачуваат за време на оброците, особено кај лицата кои имаат проблеми со варењето на храната. Ако се одлучите да се напиете вода за време на јадењето, тогаш многу е подобро тоа да биде млака вода. И неколку голтки на топол чај од мајчина душица, нане или камилица, кои се добри за желудникот, може да бидат добар предлог за време на оброкот.

Напијте се вода пред оброкот

Ако сте гладни и го чекате ручекот, слободно напијте се чаша или две со вода, половина час или минимум 15 минути пред да јадете. Така ќе се намали гадот кој го чувствувате, а ќе бидете помалку жедни за време на ручекот. Водата која ја внесуваме пред јадењето помага да се одржи заштитниот слој кој ја штити слузокожата на желудникот од сопствените киселини.

Пијте доволно вода во текот на денот

Понекогаш не е така лесно да се одвикнеме од навиката да се пие вода за време на јадењето, но тоа ќе ни биде многу полесно ако во текот на денот пиеме доволни количини на вода. Одлично е денот да се започне со една или две чаши млака вода, а исто така да се пие вода помеѓу оброците. Така ќе го обезбедите организмот со доволно течности и нема да имате потреба да пиете вода за време на оброкот.

Бидете умерени

Нема причина да претерувате со примена на советот да не пиете вода со оброкот. Доволно ќе биде да се воздржите од големи количини на вода, како и од онаа која е ладна. Ако испиете неколку голтки млака вода, со лимон или пак чај, најверојатно тоа нема да му наштети на процесот на варење на храната.

Ви предлагаме да прочитате: 12 функции поради кои водата е непоходна и важна за добро здравје.

Сподели: