маска за лице со лифтинг ефект

Домашна маска за лице со лифтинг ефект

Со помош на оваа маска за лице со лифтинг ефект со сигурност магично ќе избришете неколку години од вашата кожа. Лицата кои веќе ја користеле потврдуваат дека маската претставува одлична алтернатива за скапите пластични операции, филери и ботокс третмани.

Уште по првиот третман ќе го почувствувате нејзиниот импресивен ефект. За нејзината ефикасност говори и фактот што таа постана алтернативна постапка за разубавување во многу козметички третмани во салоните за убавина. А, не е ни чудно ако се земе во предвид фактот колку голем акцент се става во последно време на природната козметика.

маска со лифтинг ефект

Како да направите маска за лице со лифтинг ефект?

Покрај тоа што со оваа маска значително ќе заштедите во споредба со сите останати препарати со слична намена, таа е потполно природна и безопасна за вашето здравје. Предностите од кокосовото масло кое е едно од состојките кои се користат во маската се многубројни и со право тоа станува вистински хит за нега на кожата ширум светот. И многу мали количини од ова масло имаат чудотворна моќ за подмладување и регенерација на кожата. Па, благодарение на него кожата станува чиста, мазна и добива совршен тен.

Состојки:

  • 1 белка од јајце со средна големина
  • ½ лажица лимонов сок
  • ½ лажица ладно цедено кокосово масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Земете јајце со средна големина и одвојте ја белката од жолчката. Белката ставете ја во помал сад и изматете ја со помош на миксер во густа пена.
  2. Потоа, во садот со белка додајте ги лимоновиот сок и кокосово масло. Повторно добро измешајте.
  3. Вака подготвената маска за лице се нанесува на претходно добро исчистена кожа и се остава да дејствува околу 10-15 минути.
  4. Откако маската ќе се исуши, отстранете ја така што ќе се измиете со топла вода или чај од камилица.
  5. За да го забележите оптималниот ефект на затегнување, постапката повторувајте ја 2 пати во неделата.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен ботокс – маска за лице од 3 состојки.

Сподели: