Домашни њоки од компири и урда 1

Домашни њоки од компири и изварка

За сите обожаватели на свежи тестенини имаме нов супер рецепт за домашни њоки од компири и изварка. Се прават прилично брзо и едноставно, со лесно достани намирници кои сите ги имаме дома. Совршено одговараат со доматен или песто сос. Секако, можноста на комбинации е неограничена и на вас останува крајниот избор како ќе ги послужите.

Па, што чекате? Направете ги уште денес и израдувајте ги вашите најблиски и пријателите со домашни и вкусни њоки.

њоки од компири и изварка

Состојки:

  • 1 кг компири со средна големина
  • 2 ½ чаши брашно
  • ½ лажичка сол
  • ½ чаша изварка (урда)

Забелешка: Потребен е 1 компир со средна големина по порција или за лице. И, на секој искористен компир следува околу ½ чаша брашно.

Подготовка:

  1. Компирите темелно измијте ги и ставете ги во длабок сад со вода на оган да се варат. Варете ги со се лушпа, бидејќи на тој начин нема да апсорбираат премногу вода.
  2. Компирите не треба да се варат подолго од 20 минути затоа што така ќе се преварат и ќе впијат многу вода, па нема да бидат погодни за подготовка на њоки.
  3. Откако компирите ќе се сварат добро исцедете ги така што ќе ги оставите да се ладат во сито или цедалка.
  4. Потоа излупете ги, исчистете ги од дамки и изрендајте ги на чиста дрвена работна површина.
  5. Врз ренданите компири додајте ги брашното и солта. Со помош на рацете направете длабнатина во средината од соединетите компири и брашно.
  6. Скршете едно јајце во центарот на длабнатината и изматете го со виљушка.
  7. Додајте ја и изварката. Соединете ги сите состојки така што нежно ќе мешате со виљушка. Откако сите состојки ќе се соединат почнете да го месите тестото со раце и притоа постепено додавајте по малку брашно, но бидете внимателни да не претерате.
  8. Добро измесеното тесто оформете го во долгнавеста форма во вид на леб и исечете го на 8-10 парчиња со должина од 10 см.
  9. Секое парче тесто оформете го во долгнавеста форма во вид на „змија“ и исечете го на парчиња со должина од 1-2 см.
  10. На крај, вака подготвените њоки може да ги вдлабните по краевите со прсти или виљушка. Овој процес не е е неопходен, но го подобрува крајниот изглед на јадењето.
  11. Во поголем сад на оган ставете посолена вода да зоврие. Во водата која врие ставајте ги претходно направените њоки и оставајте ги во неа да стојат по 3-5 минути или додека се подигнат на површината.
  12. Варените њоки добро исцедете ги и додајте ги во вашиот омилен сос со кој дополнително ќе ги готвите околу 2 минути. На било кој начин да се одлучите да ги зготвите, не ги гответе подолго од 30-45 минути, бидејќи на тој начин њоките ќе се залепат едно со друго.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за домашни њоки од 3 состојки.

Сподели: