Едноставни солени мафини со оригано 1

Едноставни солени мафини со оригано

Нов и испробан рецепт смислен во кујната на Сѐ за храна! Лесните, брзи и едноставни рецепти се препознатливи за нас веќе подолго време, па овој рецепт за солени мафини со оригано е баш таков! Се прави без миксер и без многу садови, сигурно ќе ви се допадне.

Имајќи го предвид брзото темпо на живот денес, сите ние сакаме да каснеме нешто домашно и вкусно, кое нема да ни одземе многу време и не бара многу труд. Ви предлагаме да си ги направите овие превкусни мафини. А како совет плус за да ви биде уште повкусно, дефинитивно ви препорачуваме да се напиете и чаша јогурт со нив. На здравје нека ви се, еве го рецептот.

Едноставни солени мафини со оригано 2

Состојки:

За поросување:

За премачкување на калап:

  • малку путер по потреба.

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете ги скршените јајца и изматете ги убаво со виљушка.
  2. Во садот додајте го и мајонезот и продолжете со мешање додека се соедини со јајцата.
  3. Сирењето издробете го или изрендајте го, а потоа додајте го во садот со јајцата.
  4. Во друг сад ставете ги сувите состојки. Добро измешајте ги белото и пченкарното брашно, прашокот за печиво, содата, шеќерот, црниот пипер, солта и ориганото.
  5. Вдлабнатините на калапот за мафини премачкајте ги со тенок слој на путер, притоа да е опфатена целата површината на вдлабнатината, за лесно да може да се извадат после печењето.
  6. Потоа, измешајте ги течните со сувите состојки. Откако добро ќе се соединат со помош на супена лажица распоредете ја смесата во секоја од 12-те вдлабнатини за мафини. Дозата за еден мафин е една полна супена лажица од смесата, при што истата одговара на 2/3 од висината на вдлабнатината на калапот.
  7. Врз секој мафин посипете малку сусам и ким во количина по желба.
  8. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 20 минути. Кратко и лесно до вкусно уживање!
Едноставни солени мафини со оригано 3

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденска урнебес салата со варени јајца, готова за 3 минути.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: