овошни колачиња 1

Енергетски овошни колачиња без шеќер готови за 5 минути

За сите љубители на здрави и брзи рецепти! Уживајте во вкусот на јагодите, преку целата година. Со голема љубов ви приготвивме уште еден здрав рецепт за брзи овошни колачиња без шеќер. Само 5 минути ве делат од овошното засладување. Овие мали слатки колачиња, не содржат шеќер и глутен. Изобилуваат со витамини и минерали, имаат низок гликемиски индекс и го намалуваат чувството на глад.

Ги препорачуваме за лица кои внимаваат на својата линија, се хранат здраво и вежбаат. Можете да ги послужите за појадок, за ужина или пред тренинг. Од наведената количина ќе добиете 14 овошни колачиња, а еве што вели нутритивната анализа за секое колаче: 50 калории, 7 грама јаглени хидрати, 4 грама масти и 2 протеини.

овошни колачиња 2

Состојки:

  • 1 банана
  • ½ чаша замрзнати јагоди или друго јагодесто овошје
  • 1 чаша овесни снегулки
  • 1/3 чаша кокос
  • 1/3 чаша лупени, непечени семки од сончоглед
  • мед, јаворов сируп, стевија или друг засладувач по желба.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги овесните снегулки. Миксирајте ги за време од 10 до 20 секунди. Мелените овесни снегулки ставете ги во подлабок сад. Бананата исечкајте ја.
  2. Во блендерот ставете ги исечканата банана, замрзнатите јагоди и кокосовите снегулки. Блендирајте кратко додека состојките се соединат. Сместа со замрзнати јагоди и банана ставете ја во садот со овесните снегулки.
  3. Семките од сончоглед ставете ги во блендерот. Миксирајте кратко додека семките се измелат.
  4. Мелените семки од сончоглед ставате ги во садот со овесните снегулки. Со лажица измешајте ја смесата, а потоа формирајте бомбици. По желба колачињата извалкајте ги во кокос. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Вегански чоколадни бомбици без шеќер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: