интегрален сусам 1

Зошто треба да јадете интегрален сусам секој ден?

Сусамот е еден од најстарите зачини на светот. Постојат записи дека во близина на реките Тигар и Еуфрат уште 3500 години п.н.е. се одгледувал сусам од тамошното население. А многу одамна, традиционално се користел во древната медицина насекаде ширум светот. Иако по своите хранливи вредности заслужува да биде на врвот меѓу најценетите намирници, лековитоста на интегралниот сусам кај нас сѐ уште е малку позната.  

Сусамот е еден од најдобрите извори на калциум

Консумацијата на сусам помага во заштитата и зајакнувањето на организмот. Иако семките од сусам се исклучително мали, тие имаат голема хранлива вредност. Богати се со хранливи состојки како витамин А, витамините Б1, Б2 и Б6, витамин Е, минерали како железо, магнезиум, манган, цинк, калциум, фосфор и калиум.

интегрален сусам

Но, она што е најважно е фактот дека сусамот е еден од најдобрите извори на калциум во светот. Една лажица интегрален сусам содржи дури 88 мг калциум.

Големата количина на магнезиум која ја содржат семките од сусам позитивно влијае за намалување на високиот крвен притисок и го зајакнува кардиоваскуларниот систем. Исто така, магнезиумот е корисен за регулирање на нивото на шеќер во крвта и спречување на развојот на дијабетес.

Покрај тоа, семките од сусам содржат две уникатни состојки од групата лигнани: сезамин и сезамолин кои го намалуваат лошиот холестерол и го помагаат за нормализирање на високиот крвен притисок.

Лековити својства на интегралниот сусам

Покрај горе наведените придобивки, редовната консумација на интегрален сусам има поголем број на благодати врз организмот:

  • содржи антиоксиданси кои помагаат во превенција од карцином
  • го подобрува здравјето на коските
  • го регулира варењето на храната
  • ја негува кожата и косата
  • го намалува воспалението и грчевите предизвикани од ревматоидниот артритис
  • го штити организмот од штетното влијание на зрачењето.

Интегралниот сусам е лесно достапен и кај нас! Ние го користиме интегралниот сусам од Natura кој е со врвен квалитет. Може да го комбинирате со муслите од Natura и да направите супер хранлив оброк или пак додајте го во салати, печива и колачи. А нам омилени ни се Натура крекерите со семиња, меѓу кои и интегралниот сусам. Подготовката на Натура крекерите погледнете ја на видеото на Facebook.

Ви предлагаме да прочитате: Свежа кремаста салата со семиња за 10 минути.

*Комерцијален текст

Сподели: