Изборот на храна е основен предуслов за здравје 1

Изборот на храна е основен предуслов за здравје

Храната е значаен фактор кој влијае на човечкото здравје и неговата благосостојба.  Дополнително, храната ни обезбедува многу гастрономски задоволства од кои не сакаме да се откажиме, а голем број намирници се неопходни за непречено добро здравје и енергија за живот.

Исхраната на модерниот човек често се поврзува со недостаток на витамини и минерали, многу значајните растителни влакна се консумираат во недоволни количини. За сметка на тоа пак се јадат многу големи количини на шеќери и бело брашно, премногу масна храна и малку овошје и зеленчук, малку риби и морска храна, а повеќе конзервирани производи. Сите ние на денешно време имаме преполни распореди кои не ни дозволуваат да уживаме во храната и да ги примиме нутритивните состојки правилно, навремено и рамномерно, како и да уживаме во здрава и природна храна, наместо процесирана.

Изборот на храна е основен предуслов за здравје 2

Зошто има толку многу луѓе кои имаат покачено ниво на масти и  штетен холестерол во крвта? Зошто има толку многусрцеви и мозочни удари? Зошто се појавуваат толку слабокрвни лица кои патат од недостаток на железо и други минерали? Затворени и замастени артерии уште во 40тите години….

Ефектот на храната врз здравјето е тоа!

Недостатокот на флуор и премногу консумиран шеќер доведуваат до кариес, претераната употреба на сол и масти доведува до покачен крвен притисок… Претераното пиење на алкохол на долг рок доведува до цироза на црниот дроб, а претераната консумација на црвено месо и недостатокот на растителни влакна во исхраната може да доведе до рак на дебелото црево. Недостатокот на калциум, посебно кај жените може да доведе до остеопороза, загуба на калциумот од коските и нивна кршливост. Недоволно незаситени, а многу заситени масти го ослабнуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем, слатката храна со висок гликемиски индекс може да ја влоши состојбата со крвниот шеќер и да доведе до дијабетес кога се претерува на долг рок…

Јадете од секоја храна умерено и имајте разновидно мени, а посебно богато со здрави и свежи намирници, а помалку процесирана и пржена храна. Пијте доволно вода. На тој начин е најголема веројатноста дека ќе имате балансиран внес на јагленихирати, протеини, масти, растителни влакна, витамини, минерали и вода, а со тоа и одлично здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Алкална храна за супер здравје и енергија.

Сподели: