Италијанска „панзанела“ салата на грчки начин

Одличен спој на италијанска и грчка кујна, пробајте ја оваа брза и летна салата! Вкусот е инспириран од италијанската „панзанела“ која најчесто се прави од домат, кромид и препечени парчиња леб, во комбинаија со грчката салата која обично се прави од краставици, домати, маслинки, кромид итн.

Нашите пријатели од блогот Кuhinjica Мignone нѐ советуваат слободно да додаваме или да одземаме состојки, а секако и да не се двоумиме да ги почестиме и домашните или пријателите, бидејќи салатава е вистинки погодок и мезе за сите генерации.

Италијанска „панзанела“ салата на грчки начин

Состојки:

  • 1 салатка
  • 1 краставица
  • 1 мала главица црвен кромид
  • 1 гранче шери доматчиња
  • маслинки
  • препечени коцки леб
  • лимонов сок
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер
  • свежи зачини по желба.

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на коцки, прелијте го со малку масло и ставете го да се печи во рерна околу 20 минути, на 150 стени колку да зарумени, а повремено промешувајте.
  2. Салатката измијте ја и исечкајте ја на мали парчиња.
  3. Краставицата по желба може да ја излупите целосно или да ја излупите делумно за да биде подекоративна, издлабете го средишниот дел, а потоа исечкајте ја на декоративни полу кругови.
  4. Шери доматчињата измијте ги и преполовете ги, а кромидот исечкајте го на кругови кои треба да бидат радвоени во салатата.
  5. Внимателно измешајте , премијте со маслиново масло и лимонов сок, посолете и наросете со црн пипер.
  6. На крај, додајте ги коцките препечен леб и маслинките, па додајте го свежипт зачин (босилек, оригано, магдонос, по желба).

Пријатен апетит!

Сподели: