Како да избегнете дебелеење за време на празниците

Како да избегнете дебелеење за време на празниците?

Едноставно е невозможно да се избегне ставање на неколку килограми во овој период од годината доколку не преземеме нешто и не внимаваме добро на себе. Сите подготвуваме дома слатки и солени вкусни специјалитети, а кај и да отидеме ќе не почестат исто така, па ретко кој може да остане имун од дебелеење за време на празниците.

Како да избегнете дебелеење за време на празниците

Овој пат споделуваме со вас неколку едноставни совети кои успешно помагаат да спречите дебелеење без обзир на сите вкусни колачи, сарми, кифлички, салати и слично:

  1. Размислувајте пред да испиете било што. Кога се зборува за дебелеење за време на празниците сите се базираат на исхраната, а никој не обрнува внимание на пијалаците. За време на празниците секогаш се пие по некоја чашка повеќе, а општо е познато дека алкохолните пијалаци се полни со калории и треба да внимавате колку пиете.
  2. Вагата нека ви биде најдобар пријател. Иако честото мерење обично не се препорачува и тоа посебно ако планирате да ослабите, за време на празниците би било добро да ја контролирате тежината малку почесто. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои почесто ја мерат телесната тежина полесно губат килограми од оние кои тоа го избегнуваат.
  3. Јадете здрава храна. Навистина постојат јадења кои се здрави и свечени, со кои без проблем можете да се послужите и за време на празниците. Не значи дека храната што е вкусна, мора да е нездрава. Доколку ве повикале некаде на вечера изберете повеќе салата и овошје, може и малку месо, а ако вие припремате јадење слободно направете поголем избор на нискокалорични и поздрави варијанти на специјалитетите. Во краен случај, ако сакате да пробате од повеќе јадења, внимајте количините да бидат помали.
  4. Ослободете се од слабостите. Ако мислите дека нема да можете да се спротиставите на сите колачи и кифлички кои најмногу ги обожавате, решението е едноставно, немојте да ги припремате. Кога станува збор за колачи и месени нешта, пробајте да ги сведете на минимум.
  5. Зголемете го интензитетот на вежбање и фитнес. Никако не ги пропуштајте тренинзите за време на празничниот период, наместо тоа пробајте да го зголемите интензитетот на вежбање и да согорите што повеќе калории од она што сте изеле.

Сподели: