Како да направите свеќи мафини без калап 1

Како да направите свеќи мафини без калап?

Време е за нов креативен потфат. Доколку ви се наближува детски роденден, а немате идеја како да ги декорирате масите, имаме супер предлог за вас. Направете свеќи мафини и тоа без силиконски калапи.

Постапката за изработка на свеќи во облик на мафини е прикажана на следново видео. На вас останува само да ја вклучите вашата кративност, да ја разбудите фантазијата и да и се препуштите на забавата. Крајниот резултат ќе ве воодушеви. Вака подготвените свеќи во вид на мафини ќе бидат понеодоливи, дури и од вистинските.

Како да направите свеќи мафини без калап 2

Потребни материјали:

  • обични бели свеќи
  • мрсни боици во разни бои
  • чоколадни трошки и украси за мафини
  • нож
  • алатка за лупење компири
  • хартиени корпи за мафини
  • алуминиумска корпа за мафини
  • мирисливо масло
  • леплива трака
  • запалка.

Начин на подготовка:

  1. Најпрво со помош на нож исечете ја белата свеќа и внимателно отстранете и го фитилот.
  2. Со нож издробете мал дел од мрсна боица со боја по ваша желба.
  3. Парчињата свеќа и мрсна боица ставете ги во длабок сад и растопете ги на пареа. Откако ќе се растопат состојките, додајте и неколку капки од мирисливото масло.
  4. Фитилот со помош на лепливата трака прицврстете го за хартиената корпа за мафини.
  5. Хартиената корпа за мафини ставете ја врз алуминиумската корпа.
  6. Со растопената свеќа наполнете ја хартиената корпа, при тоа внимавајте фитилот да биде на средина.
  7. Потоа, со помош на алатка за лупење компири издробете друга свеќа. Парчињата свеќа помешајте ги со парчиња дробена мрсна боица по ваша желба и повторно растопете ги на пареа.
  8. Растопената свеќа мешајте ја се додека почне да се здрвува. Со вака подготвената свеќа „филувајте го секој мафин“. Со помош на нож обликувајте ја во посакуваната форма.
  9. Фитилот поставете го на врвот на свеќата. Вишокот на конец пресечете го.
  10. Со запалка кратко растопете ја свеќата и посипете ја со украси за мафани во разни бои.
  11. На крај отстранете ги хартиените корпи и вашите декоративни свеќи во облик на мафини се готови.
  12. По желба може дополнително да ги украсите со мрсни боици со цел да добиете поавтентичен изглед на мафини. Видеото погледнете го тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами есенска ароматична свеќа.

Сподели: