Како да подготвите замрзнат грашок? – Совети и брз рецепт

Ако му се допадне на Петар, ќе му се допадне на секој! Грашокот приготвен на овој начин ќе го одобри и познатиот сладок гурман, а веруваме и сите останати! Симпатичното дете кое ја насмеа цела Македонија ни беше инспирација за да подготвиме супер брз и кремаст грашок за сите генерации. Може да го послужите како гарнир или да го додадете во салата.

Ние често користиме замрзнат грашок, затоа што е целосно подготвен за употреба, не треба да се чисти, а со тоа заштетуваме многу време. Го додаваме во супи, тава со ориз, го користиме како гарнир, при подготвка на пржен ориз… А во оваа прилика споделуваме неколку трикови и брз рецепт со кој може да направите вкусен, кремаст грашок за помалку од 10 минути.

како да подготвите замрзнат грашок

3 совети за подготовка на грашок

  • Не додавајте сол во грашокот се додека тој не е подготвен за сервирање. Прераното солење може да го дехидрира грашокот, а со тоа ќе го изгуби неговиот сладок вкус.
  • Додајте малку нане. Искинете неколку листови и ставете ги во садот со грашокот додека готвите. Нането го подобрува вкусот, па веруваме дека ќе ви се допадне.
  • Најдобрите зачини кои го подобруваат вкусот на грашокот се сол и црн пипер.

Лесен и едноставен рецепт за подготовка на замрзнат грашок

Состојки:

  • 450 г замрзнат грашок
  • 3 лажици путер
  • 1/2-1 лажичка шеќер
  • 1-3 чешниња лук по вкус
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во тава на оган ставете ги грашокот и путерот. Лукот ситно исечкајте го и додајте го во тавата. Ставете шеќер и гответе на средна температура додека путерот се растопи, околу 5-7 минути. Повремено мешајте.
  2. Потоа, тргнетете го садот од оган и исцедете ја течноста. Ставете сол и црн пипер по вкус и послужете го како гарнир или со салата по избор. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Каква технологија стои зад процесот замрзната храна? 

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: