Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност 1

Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност?

Дознајте како можете сами и дома да се ослободите од оваа тегоба! Лесно направете сами домашен напиток против надуеност. Ѓумбирот е „волшебна“ намирница!

Можеби многумина не го обожаваат неговиот остар мирис, вкус и лутина, но тој е извор на калциум, бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, цинк, железо и витамин Ц.

Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност 2

Противвоспалително и антиоксидативно дејство

Освен витамини и минерали, ѓумбирот содржи и многу интересно соединение наречено „гингерол“, за кое лабараториски е утврдено дека влијае многу корисно, па науката има насоки дека можеби делува противвоспалително, антиканцерогено и антиоксидантно во човечкиот организам.

Новите научни тврдења покажуваат дека ѓумбирот освен за кулинарски потреби често се користи за олеснување на бројни тегоби. Посебно е забележано корисното влијание на ѓумбирот за олеснување на мачнини кај трудниците, како и во случај на постоперативни повраќања и мачнини.

Ѓумбирот се користи и кога има надуеност на стомакот. Тој го забрзува празнењето на желудникот и цревата, со што се намалуваат болките, а посебно во горниот дел на дигестивниот систем.

Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност?

Оние кои патат од надуеност и проблем поради вишок на гасови, можат да го пијат овој напиток. Земете парче ѓумбир, ставете го во шолја и прелијте го со вода која врие. При тоа, можете да го изрендате или ситно да го исечкате, а потоа оставете го да стои 10 минути. Напитокот е најдобро да го пиете наутро на празен желудник, а тој ќе ја подобри работата на цревата и со тоа ќе се намали надуеноста.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 намирници против надуеност.

Сподели: