солени рецепти

Како треба да изгледа матурската трпеза? – Брзи предлози за солени рецепти

Сигурно со нетрпение го очекувавте овој ден и се прашувате колку времето брзо изминало, па сега е време да ја прославите матурата на вашето дете. А сон на секој родител е матурската трпеза да изгледа најубаво. За да ви помогнеме при изборот на солени рецепти ви подготвивме неколку предлози и ја споделуваме матурската трпеза која ја приготвивме со инспирација од Vincinni, Natura и Fantasia.

Ајде да започнеме!

Најпрво на трпезата поставете бел чаршав. Добро е во средината да ставите помал чаршав во боја по ваш избор. На трпезата наредете ги малите чинии, салфетките, приборот за јадење, чашите, свеќник и вазна со цвеќе. Потоа, додајте ги чиниите со мезе за гостите.

Солени кифли, грицки и мафини од Fantasia

Ниту една трпеза не може да се замисли без вкусните солени печива. Наш предлог е да направите лиснати кифлички, солени стапчиња и да ги пробате сочните солени мафини со семиња од Fantasia. За да ги направите мафините потребно ви е едно пакување Salty Muffin Mix од Fantasia, 2 јајца, 75 мл вода, 150 мл масло и 100 грама сечкано сирење. Подготовката на погледнете ја на видеото, а на фотографијата може да видите колку убави излегоа нашите мафини.

солени мафини од Fantasia

И да, не заборавајте да ги направите и Натура крекерите кои сите ги обожаваат! Рецептот за подготовка погледнете го тука.

Мини коктел даски со кремаста салата со семиња од Natura

Наместо класичниот ордевер, направете мини коктел даски за вашите гости. Како идеја ја искористивме кремастата салата со семиња од Natura, која е една од нашите омилени. За да ја направите потребни ви се сусам, чиа и сончоглед од Natura, сирење, краставица, просо и павлака, а деталниот рецепт прочитајте го тука. Во зависност од бројот на гостите, количината на салатата може да ја дуплирате. Салатата ставете ја во мал сад и поставете ја во чинија. Околу чинијата наредете ордевер по ваш избор. Од подолните фотографии може да видите како ние ја послуживме.

солена торта и салата

Друг начин да ја послужите е да земете краставица и да ја исечете ја на парчиња со дебелина од 1 до 1,5 см и врз нив да ставите од салатата. Декорирајте со гранчиња магдонос. Салатата може да биде и вкусен фил за солена торта. Направете солен пандишпан и филувајте го со салатата. Тортата исечете ја на коцки и наросете ја со сусам, а потоа наредете ја на даска или чинија.

солена торта и салата 2

Колачиња за сите генерации

На крај направете ги омилените колачиња, а чинијата збогатете ја со ролат од Vincinni. И секако, не пропуштајте да ги погледнете нашите 5 брзи рецепти за матурска прослава!

матурска трпеза ролат Винчини

Нека е честито од нас, Vincinni, Fantasia, Natura и Сончева Долина!

Ви предлагаме да прочитате: 5 лесни матурски десерти кои може да ги направите за 15 минути.

*Комерцијален текст

Сподели: