Касато торта - чоколадна без печење 1

Касато торта – чоколадна без печење

Пробајте го нашиот рецепт за популарната касато торта, а по наш вкус збогатена со чоколадо и какао. Вкусот е одличен и овозможува неизмерно уживање! Без печење и без мачење, до супер торта!

Може да ве интересира: Непечена кремаста торта со бисквити.

 Касато торта - чоколадна без печење 2

Состојки:

  • 300 гр кршени бисквити (може и плазма)
  • 200 гр ореви (исечени на крупни парчиња)
  • 150 гр ситно сечкани желе бонбони во различни бои
  • 150 гр суво грозје потопено во рум
  • 1 лажица ванилин екстракт
  • 100 гр ситно сечкани суви смокви
  • 100 гр ситно сечкани урми
  • 300 гр црно чоколадо
  • 2 лажици чоколадно какао
  • 250 гр путер
  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 мл млеко
  • 1-2 лажици рум.

За одозгора:

  • 150 гр путер
  • 50 гр шеќер
  • 50 гр чоколадо.

За фил и декорација:

  • слатка павлака по потреба
  • суво овошје по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво потопете го сувото грозје во рум и оставете да стои неколку часа.
  2. Оревите малку потпечете ги во рерна, колку да станат крцкави и убаво да замирисаат, а потоа крупно исечкајте ги.
  3. Ситно исечканите смокви, урми и желе бонбони измешајте ги во одделен сад, а потоа додајте го и сувото грозје кое претходно стоело во румот.
  4. Во поголем сад искршете ги бисквитите на парчиња, па прелијте ги со топлото млеко, екстрактот од ванила и румот. Измешајте ја смесата.
  5. Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот, па со помош на миксер изматете ги за да се добие убаво изедначена и мазна смеса.
  6. Чоколадото стопете го, па додајте го во садот со изматениот путер. Убаво измешајте.
  7. Во садот со биксвитите додајте го и претходно измешаното суво овошје со желе бонбоните, како и смесата со стопеното чоколадо. Со помош на поголема лажица добро измешајте за да се добие еднородна смеса.
  8. Припремете го калапот за торта. Може да користите тркалезен или правоаголен калап, а треба да биде обложен со најлонска фолија.
  9. Во претходно припремениот калап ставете ја смесата за чоколадната касато торта и добро распоредете ја, при што треба да внимавате да не останат шуплини. Тортата покријте ја со најлонска фолија и од горната страна и ставете ја во фрижидер да отстои преку ноќ. Кога ќе се излади и ќе се стегне, отстранете ја фолијата и превртете ја врз соодветен сад или рамна површина.
  10. Путерот, шеќерот и чоколадото стопете ги и потоа со добиената глазура потурете ја тортата одозгора.
  11. Слатката павлака изматете ја во цврст снег и потоа со неа премачкајте ја тортата. Декорирајте со парчиња суво овошје или по желба и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Кремаст чоколаден колач без печење.

Сподели: