кифлички полнети прасиња

Кифлички – полнети прасиња

Несекојдневна форма на кифлички! Полнети прасиња се совршен избор за детски прослави и родендени! Имаат извонреден вкус и изглед кој сите дегустатори долго ќе го паметат и раскажуваат.

кифлички полнети прасиња

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 полни супени лажици маргарин
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка шеќер
  • околу 1 кг брашно.
  • вода по потреба.

Фил:

  • мелено месо и кромид или кашкавал и салама (по желба).

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат сите состојки. Се замесува тесто и се остава околу 45 минути да нарасне.
  2. Во меѓувреме се прави фил од пржен кромид со мелено месо, или по желба можете да го измените составот на филот, на пример да ставите кашкавал, салама и слично.
  3. Од тестото се сучи кора како за крофни, само малку потенка. Со помош на поголема чаша се сечат кругови за главчината на прасињата. За ушината се сечат кругчиња со помош на мало чаше за ракија, а потоа парчето се сечи 4 дела. За носињата се сечат крукчиња со помош на капаче од пластично шише.
  4. Се зема круговите исечени за глави и на средина се става од филот. Над него се става друг круг, а потоа убаво се притиска по краевите за да не истече филот.
  5. Се става носето, на кое со остар предмет може да направите дупчиња. Како очиња се ставаат две зрна од црн пипер, а исто се ставаат и делчињата предвидени за уши.
  6. Вака формираните полнети прасиња се премачкуваат со жолчка и се печат на 180-200 степени, додека убаво не заруменат.

Рецептот го испрати: Даниела Димшовска.

Сподели: