Крем салата со пилешко месо и цвекло

Крем салата со пилешко месо и цвекло

Идеални и уникатни сензации при дегустација. Пробајте ја оваа крем салата со пилешко месо која навистина има вкус кој ќе остави впечаток на вашите сетила, а одлично се вклопува на секоја трпеза. 

Крем салата со пилешко месо и цвекло

Состојки:

  • 400 гр цвекло
  • 500 гр пилешко месо
  • 100 мл мајонез
  • 200 гр кисела павлака
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче црн пипер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 и 1/2 лажица маслиново масло
  • 1 лажица винска киселина.

 Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, ставете го пилешкото месо и додајте вода. Оставете го пилешкото месо да се вари.
  2. За тоа време, излупете го цвеклото, исечете го на покрупни парчиња. Цвеклото, исто така ставете го во тенџере со вода, на средна температура да се вари.
  3. Вареното пилешко месо, ставете го блендер и добро измиксирајте додека добиете ситни парчиња. Ако немате блендер, ситно исечкајте го месото. Сечканото пилешкото месо ставете го во длабок сад.
  4. Вареното цвекло ставете го блендер и добро измиксирајте го. Цвеклото ставете го во садот со пилешко месо.
  5. Во длабокиот сад додајте го мајонезот, киселата павлака, солта, црниот пипер, мешаниот зачин, маслиновото масло и киселината. Состојките во садот измешајте ги убаво, а по потреба додадете сол.
  6. Кој сака по желба, можи да додаде и малку магдонос. Приготвената крем салата со пилешко месо и цвекло послужете ја веднаш.

На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Егзотична салата со пилешко месо и пченка

Сподели: