Крцкави крилца печени во рерна 1

Крцкави крилца печени во рерна

И печените крилца се подеднакво вкусни како и пржените! Сте знаеле ли дека може да направите вкусни и крцкави крилца и во рерна? На тој начин тие имаат крцкава кора, а внатре се вкусни и сочни. Може да ги послужите како мезе со доматен сос, кечап или сос за скара додека гледате некој спортски натпревар или филм со вашите пријатели.

Брзо, вкусно и неодоливо. За неполн час може да подготвите вистинско гурманско уживање за вас и за вашето семејство, повкусно и поздраво од во ресторан. Рецепт кој вреди да се проба уште во првата прилика!

Крцкави крилца печени во рерна 2

Состојки:

  • 2 кг пилешки крилца
  • 100 г брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 2 лажици мелен црвен пипер (по желба може и лут)
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка лук во прав
  • ладно цедено сончогледово масло по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад промешајте ги брашното, прашокот за печиво и зачините.
  2. Крилцата наредете ги врз кујнска хартија за да се потсушат.
  3. Потоа, малку намрсете ги со ладно цедено сончогледово масло, посолете ги и на крај нанесете врз нив од претходно направената смеса од брашно и зачини.
  4. Вака припремени, крилцата наредете ги врз плех обложен со хартија за печење.
  5. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути од едната страна, па завртете ги и печете ги уште дополнителни 10-15 минути од другата страна.
  6. Послужете ги со сос по ваша желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Фритата со тиквички и спанаќ.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: