масло од тиква

Ладно цеденото масло од тиква е кралски лек кој е достапен за сите

Штом се спомене тиква, сигурно ве асоцира на есен и вкусни пити. Но, откако ќе го прочитате овој текст ќе знаете дека тиквата и нејзините семки може да ви помогнат за добро здравје преку целата година, а подолу ќе дознаете како! Ладно цеденото масло од тиква е многу корисно за организмот, па треба секогаш да ви биде при рака. Богато е со триптофан, незаситени масни киселини и многу антиоксиданси, што го прават супер храна за мажи и жени. А, кога маслото се добива со постапка на ладно цедење, неговите придобивки се бескрајни.  

Се смета дека тиквите потекнуваат од Централна Америка. Семиња на слични растенија се пронајдени во Мексико, датирајќи од 7000-5500 год. п.н.е.. Индијанците со векови ги користеле тиквите како храна и лек, но исто така кората ја сушеле и ја користеле за правење на душеци. Раните доселеници ја јаделе тиквата како главен оброк, ја полнеле со млеко, мед и зачини, потоа ја печеле во жешка пепел и ова се смета за потекло на питата со тиква. Откако се откриени здравствените придобивки на тиквата, започнала ерата на производство на масло од тиквини семки.

масло од семки од тиква

Како се добива ладно цеденото масло од тиква?

Маслото од тиквини семки е одличен избор за да го подобрите здравјето и вкусот на храната. Ова масло се користело како кралски лек во многу периоди во историјата на човештвото. Денес современите медицински практики го вклучуваат ова масло како неопходно во исхраната. За да се добие ладно цедено масло, семките се отстрануваат од тиквата, главно рачно, потоа се миjат и се оставаат да се исушат, а на крај кога сето тоа ќе се заврши, започнува постапката на ладно цедење. Маслото кое се добива е со темно зелена до црна боја и како такво се пакува во стаклени шишиња, кои се препорачува да бидат со темно стакло. Токму вакво ладно цедено масло од тиква произведува македонската иновативна компанија Фила, а истото може да го набавите преку нивната онлајн продавница, во поголемите маркети и продавници за здрава храна.

Маслото од семки од тиква го регулира холестеролот

Научно е докажано дека маслото од тиквини семки го регулира нивото на холестеролот, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Тоа содржи есенцијални масни киселини, Омега-6 и Омега-9, кои го нормализираат нивото на холестеролот, го намалуваат крвниот притисок и ја спречуваат појавата на хипертензија.

Изобилува со витамини и минерали

Маслото од семки од тиква е права ризница на витамини и минерали. Тоа ги содржи витамините Е и К кои му помагаат на телото да ја зголеми отпорноста, а се корисни и кај лица кои имаат проблеми со крвавење. Ова масло е одличен извор на Б-комплекс групата на витамини: тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, витамин Б-6 (пиридоксин) и фолна киселина. Овие витамини работат како ко-фактори за различни ензими за време на клеточниот метаболизам во човечкото тело. Покрај тоа содржи и есенцијални минерали како бакар, манган, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен.

Здравствени придобивки од консумацијата на масло од тиква

Имајќи ги во предвид сите хранливи вредности на ова масло, може да заклучиме дека тоа е одлично за здравјето и негата на кожата, како и одржувањето на нормална клеточна структура. Со моќните антиоксиданси како и есенцијалните масни киселини може да се каже дека користењето на масло од тиквини семки помага за целокупното здравје на човекот. Особено се препорачува:

  • за намалување на воспаленијата
  • како дополнителна храна за пациенти болни од карцином
  • при проблеми со простата
  • за подобрување на функцијата на бубрезите
  • подобрување на кардиоваскуларниот систем
  • помага против опаѓање на косата
  • помага во спречување на остеопорозата
  • за нега на кожата
  • за подобрување на менталното здравје
  • дијабетес
  • зголемување на производството на млеко кај трудниците.

Се надеваме дека ве мотивиравме за да започнете со негово користење. Посетете ја онлајн продавницата на Фила, набавете го, а во скоро време очекувајте уште содржини во кои ќе пишуваме подетално за здравствените придобивки од ладно цеденото масло од тиква.

Ви предлагаме да прочитате: 3 причини да јадете семки од тиква.

Сподели: