Лесно исчистете ги трагите од лепак на теглите

Сезоната на зимници се наближува. А на сите нас од голема полза ќе ни бидат чистите тегли кои најчесто се користат при складирање на различните компоти, мармалади, ајвар и слично. За да не купувате нови тегли и да трошите пари, сега може лесно да ги исчистите и да искористете ги старите тегли од мајонез, корнишони и печурки.

Можеби ве нервира тоа што не можете целосно да ги извадите етикетите од теглите без да останат траги од лепак, но ние пронајдовме добар трик со кој вашите тегли ќе заблескаат. Штом добро ќе ги исчистите теглите, наполнете ги со вашата омилена зимница и поставете си своја лепенка.

Состојки:

  • 3 лажици сода бикарбона
  • 3 лажици растително масло.

Подготовка:

  1. Во сад ставете еднаква количина на сода бикарбона и растително масло, и добро измешајте за да добиете паста.
  2. Така добиената паста нанесете ја на теглата од која претходно сте ја извадиле етикетата и оставете пастата да делува околу 10 минути.
  3. Откако пастата ќе отстои, со кујнска хартија избришете ја пастата, при што со тоа ќе ги отстраните трагите од лепило.
  4. На крај, со детергент за миење садови измијте ја теглата и ќе можете да го видите одличниот резултат, а тоа е кристално чиста тегла, спремна за припрема на зимница.

Сподели: