Лесно исчистете ја миркобрановата печка со киселина

Ви треба брз, лесен и евтин начин да ја исчистите вашата микробранова печка од мрснотиите?Одговорот лежи во чудесната киселина. Ви претставувме начин за чистење на микробранова печка само со две состојки: киселина и вода, а постапката е многу едноставна.

Дали вашата прва реакција кога треба да чистите многу валкани површини, е да одете во продавница и да го купите најскапото средство за чистење на тврдокорни дамки? Но, нема потреба да трошите пари. Најголемиот дел од состојките од кујната кои се користат за чистење, сигурно ги имате во домот. Како и многу пати досега и споделување на природни начини за одржување на домот, ви претставуваме едноставен начин за чистење на микробрановата печка. Не ви се верува? Продолжете со читање.

Начин за лесно чистење на микробранова печка за 3 минути

За да ја исчистите микробрановата печка не ви се потребни скапи средства кои содржат штетни хемикалии, туку неколку природни состојки. На овој начин, не само што полесно ќе ги отстраните остатоците од храна, туку ќе го уништите и силниот мирис од пуканки, риба и сл. Погледнете го краткото видео и следете ги инструкциите:

Состојки:

  • ½ чаша киселина
  • ½ чаша вода
  • сад за готвење во микробранова печка

Подготовка:

  1. Микробрановиот сад наполнете го со ½ чаша вода и додајте ½ чаша киселина.
  2. Садот ставете го во микробрановата печка, затворете ја вратата, вклучете ја печката и оставете да се загрева за време од 3 минути. Ако печката е многу валкана, немојте да ја отворате вратата веднаш, штом тајмерот се вклучи, туку оставете ја пареата да се намали.
  3. По минута до две, извадете го садот од рерната, отстранете ја стаклената чинија и целата рерна избришете ја со сунѓер или миркофибер крпа. Ќе забележите дека целата нечистотија лесно ќе се отстрани без триење.

Ви предлагаме да прочитате: Што може, а што не, да се користи во микробранова печка.

Сподели: