lisnata bozikna elka so cokoladen krem 1

Лисната Божиќна елка со чоколаден крем

Често пати, сакаме да погледнеме различни рецепти за едно исто јадење или слатка креација. Па, еве уште еден кој може да ја збогати вашата празнична трпеза и кој може да даде дополнителна топлина. Вкусна лисната Божиќна елка е одлична идеја, па уште кога е со крем, кој може да одолее!

Рецептот ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана и освен што добро изгледа, знаеме дека е одличен!

lisnata bozikna elka so cokoladen krem 2

Состојки:

  • 500 г готово лиснато тесто (замрзнато)
  • 3-4 лажици чоколаден крем
  • 100 г сечкани бадеми
  • 1 јајце за премачкување.

За посипување:

  • шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Лиснатото тесто треба да одмрзне, но не целосно.
  2. Со помош на сукало истенчете го и од него исечете два триаголници со мало стебло.
  3. За да ви биде полесно, припремете ја тавата за печење така што ќе ја обложите со хартија, а потоа директно во неа оформете ја елката.
  4. Ставете го прво едниот триаголник со стебло.
  5. Премачкајте ја неговата површина со чоколадниот крем, а потоа одозгора ставете го другиот триаголник.
  6. Засечете ги краевите од двете страни, на ширина од 1 см, а при тоа внимавајте средината да остане цела.
  7. Лентичките кои ги добивте, завртете ги во спирали.
  8. Ос краевите, односно тестото кое ви останало, исечете ѕвезди и ставете ги на врвот на елката. Залепете ги со помош на ладна вода или малку изматено јајце.
  9. На крајот, премачкајте ја целата горна површина на елката со матеното јајце и по желба посипете со бадемите.
  10. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Пред служење, посипете со шеќер во прав. Среќни празници!

Ви препорачуваме да прочитате: Елка со нутела – декоративна пита.

Сподели: