бурито со месо

Мексиканско бурито со свинско месо 

Кое е вашето омилено јадење од мексиканската кујна? Дали е тоа бурито, тако или енчилада? Ако ја обожавате мексиканската кујна и ви недостигаат јадењата кои често ги порачувавте во рестораните, сега можете да приготвите вкусно бурито со свинско месо по супер рецепт! Уживајте во совршениот вкус во удобноста на вашиот дом.

Ја обожаваме мексиканската кујна и сакаме да експериментираме со состојките, па така се роди идејата за подготовка на ова бурито со свинско месо. Превкусно е, па со воодушевување ве предизвикуваме да го пробате и да ги изненадите најблиските со мексикански специјалитет подготвен во вашата кујна.

бурито со свинско месо

Состојки:

За подготовка на месото:

За бурито:

  • 4 тортиљи
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња сечкан лук
  • 400 г црн грав од конзерва
  • 200 г варен и изладен ориз
  • сечкан магдонос
  • 1 лимон
  • 4 млади кромиди
  • 1 зелена салата
  • 80 г чедар сирење
  • 4 лажици кисело млеко.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги сите зачини за подготовка на месото.
  2. Миксот од зачини втријте го со кружни движења во свинското месо.
  3. Во тавата за печење додајте вода во висина од 1 см. Во тавата ставете ниска решетка, а врз неа ставете го месото. Тавата покријте ја со капак или алуминиумска фолија. На овој начин месото ќе се готви на пареа. Гответе го во загреана рерна на 180 степени околу 1 до 1 ½ час или додека омекни.
  4. Готовото месо исечкајте го на парчиња. 
  5. Во тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот лук и пропржете го околу 1 минута. 
  6. Варениот грав добро исцедете го од течноста и додајте го во тавата со лукот. Запржете го неколку минути, а потоа додајте го и оризот и продолжете со пржењето околу 5 минути.
  7. Додајте го сечканиот магдонос, добро измешајте и тргнете ја тавата од оган.
  8. Во друг сад исцедете го сок од лимон.
  9. Доматите добро измијте ги и крупно исечкајте ги. Младиот кромид исечкајте го на ситни парчиња. Додајте ги во садот со лимонов сок и посолете по вкус. 
  10. Зелената салата добро измијте ја и исечкајте ја.
  11. Во грил тава на оган ставете една тортиља и печете ја околу 1 минута, колку да омекне. 
  12. Во средината на секоја тортиља ставете по ¼ од смесата со ориз и грав. Потоа додајте од смесата со доматите и кромидот, зелена салата и парчиња сечкано свинско месо. Нарендајте малку чедар сирење и ставете 1 лажица кисело млеко.
  13. Вака наполнетата тортиља завиткајте ја во бурито. Повторете ја постапката и со останатите тортиљи. На здравје!

Наша препорака

За да бидете сигурни дека ќе добиете неодоливо вкусно бурито, препорачуваме да набавите свежо свинско месо од Агриа кое може да го најдете во нивните месарници ширум земјата или во Тинекс и Рамстор маркетите. Агриа имаат свежо, вкусно и висококвалитетно свинско месо од домашно производство. Тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Веруваме дека штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, тоа ќе остане вашиот прв избор! За сите новости посетете ја новата веб страница на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

сочно свинско месо

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за подготовка на месо за гиро.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: