природна пудра за зголемување на волуменот на косата 1

Направете сами природна пудра за зголемување на волуменот на косата

Брз трик за поголем волумен на косата! За да не трошите пари залудно, направете своја верзија на природна пудра за зголемување на волуменот на косата. Ослободете се од разните препарати за коса кои чинат многу, заштедете пари и имајте уште поубава коса.

На пазарот можат да се најдат разни препарати, пудри, пена и други производи за подигнување на волуменот на косата, но не се баш евтини. Ви предлагаме да го пробате овој брз, едноставен и природен третман. Не содржи алкохол и нема да ви ја оштети косата. Едноставно ќе ги впие сите маснотии кои се насобрале на коренот и лесно ќе ја подигне.

природна пудра за зголемување на волуменот на косата 2

Може да ве интересира: Направете шампон кој помага при мрсна коса.

Како да го направите третманот?

Потребно:

  • 2 лажици нишесте
  • 2 лажици оризово брашно
  • неколку капки екстракт од ванила.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во чист сад измешајте ги состојките, а потоа складирајте ги во испразнет сад за сол или друг сад со отвори.
  2. Едноставно нанесете малку прав на коренот на косата и распоредете го со прстите. За само 1 минута волуменот на вашата коса ќе се зголеми и косата ќе изгледа многу подобро.

Ви препорачуваме да прочитате: Одлична маска со пиво за безживотна и слаба коса.

Сподели: