природни пестициди

Направи сам: ефикасни и природни пестициди за 5 минути

Ослободете го вашиот двор и дом од малите, но и од покрупните инсекти со природни пестициди кои може да ги направите од едноставни состојки за само 5 минути. Овие смеси кои ви ги предлагаме се природни, не се штетни за околината, а се ефикасни како и индустриските пестициди. Целта е вашиот дом и градина бидат здрави, но по можност без тешки хемикалии.  

Природните решенија и можности секогаш постојат. Одговорот на сите проблеми може да се најде во природата. Голем број на луѓе секојдневно работат на тоа да ги пронајдат тајните кои ги крие природата, па затоа ве повикуваме и вас да ни се придружите и да направите природни пестициди. Тие ќе ви помогнат да го решите проблемот со инсектите кои ги напаѓаат вашите билки.

природни пестициди

Лук

Спрејот од лук е еден од најпознатите природни пестициди. Во 1 литар вода исечкајте 10 чешниња лук. Садот ставете го на оган да се вари за време од 15 минути. После тоа, тргнете го од огнот и оставете течноста да се излади. На крај, процедете ја и течноста ставете ја во шише со прскалка. Со помош на спрејот од лук испрскајте ги сите куќни растенија, а доколку се посадени во дворот испрскајте и околку нив. Овој спреј може да го чувате во фрижидер и да го користите во рок од 10 дена.

Босилек

За да направите спреј од босилек потребни ви се 4 чаши вода, 1 шолја или 2 лажици суви листови од босилек и 1 лажица течен детергент за садови. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари, додајте ги листовите босилек и варете за време од 3 минути. Тенџерето тргнете го од огнот, поклопете го со капак и оставете го да се излади. Во тенџерето додајте го детергентот и сместа ставете ја во шише со прскалка. Овој спреј е многу ефикасен против лисни вошки.

Сол

Во 3 литри вода растворете 1 голема полна лажица сол. Оставете течноста да отстои 5 минути. Овој растов може да го користите против гасеници, црви, пајаци и слични инсекти.

На сличен начин може да користите и горка сол против црните точки и дамки на листовите, мувла, венеење или слични заболувања на растенијата. Во 7,5 литри вода растворете 60 грама горка сол и ставете од растворот врз заболеното растение.

Цитруси

За овој раствор потребни ви се 2 шолји со кора од лимон или портокал и 4 шолји вода. Водата ставете ја во тенџере на оган да се вари. Штом зоврие, тргнете го тенџерето и додајте ги корите. Покријте го тенџерето со капак и оставете го да се лади. процедете ги, а спрејот користете го против летачки лисни вошки.

Ви предлагаме да прочитате: Ослободете се од досадните мравки со состојки од кујната. 

Сподели: