жолти Велигденски јајца со куркума 1

На природен начин обојте жолти Велигденски јајца со куркума

Сигурно посакувате да постои начин за природно да постигнете убава боја на јајцата за празников. А, и така е, има неколку природни начини, а сега ќе дознаеме како да добиете најубави жолти Велигденски јајца со куркума.

Може да се рече дека боењето на жолти јајца со боите кои ги купуваме е потешко, посветлата боја некако е недоволна, а потемната не изгледа доволно добро. Затоа, сега ќе ви прикажеме како да обоите и посветли и потемни јајца, со помош на незаменливата куркума.

Како да направите жолти Велигденски јајца со помош на куркума?

Потребно:

  • 750 мл вода
  • 2 лажици куркума
  • 1 лажица киселина
  • прстофат сол
  • јајца по потреба.

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ја водата со куркумата, а потоа додајте ја киселината и малку сол. Ако сакате да обоите повеќе јајца зголемете ја количината на состојките.
  2. Потоа, потопете ги јајцата во течноста и загревајте на оган додека почне да врие, па сварете ги јајцата како и обично.
  3. Кога јајцата се свариле, отстранете ги од водата и оставете да се исушат. По желба, за подобар сјај и интензитет на бојата премачкајте ги со масло. Ако сакате бојата да биде поинтензивна, додајте малку повеќе куркума или едноставно оставете ги да стојат малку подолго во водата (но да биде изладена, за да не продолжат да се варат).

Ви препорачуваме да прочитате: Бојадисајте велигденски јајца со зрна ориз.

Сподели: