Неварен сок од лимони за растворање

Овој неварен сок од лимони го имаме пробано и навистина е многу вкусен и освежителен. Рецептот ни го предложи Даниела, па за оваа сезона на настинки и грип сигурно ќе ви се најде од корист.

Таа вели: „Овој сок, домашна лимонада редовно е застапен кај нас во зима, а погоден е и за летните горештини. Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус“.

Многумина сметаат дека овошјето и зеленчукот кои се јадат со кората имаат пестициди. За да може целосно да уживате во вкусот пред да започнете со подготовка на домашниот сок од лимони, ви предлагаме да го примените овој трик со кој ќе може темелно да го исчистите овошјето.

неварен сок од лимони

Состојки:

  • 1 кг лимон
  • 2 кг шеќер
  • 2 литра вода
  • 3 ќесички лимонтус.

Подготовка:

  1. Лимоните убаво се мијат со четка под млаз вода. Се мелат низ машина за мелење месо и се ставаат во поголем сад да отстојат за време од 24 часа.
  2. Наредниот ден смесата од лимони се се цеди убаво низ газа. Во процедената течност се додава шеќерот и лимонтусот. Сокот се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.
  3. Готовиот сок од лимони чувајте го на темно и ладно место, а најдобро е во фрижидер.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сок за растворање од лимон.

Сподели: