Освежителен тоник од лимон и ѓумбир 1

Освежителен тоник од лимон и ѓумбир

Комбинацијата на овие намирници не може да не биде здрава, па затоа ви препорачуваме да го пробате овој освежителен тоник од лимон и ѓумбир, кој освен што влијае поволно врз општата состојба на организмот, туку и многу придонесува за лекување на болно грло.

Лимонот е богат со витамин Ц и има антибактериски својства, а со ѓумбирот заедно создаваат совршена комбинација за борба против температура, настинка и болка во грлото. А, кога на тоа додадете и мед, тогаш веќе добивате вистински природен еликсир.

Повеќе од 2000 години ѓумбирот се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат поради неговите моќни дејства врз организмот. Ѓумбирот ја одржува нормалната циркулацијата на крвта, превенира појава на настинки и грип, го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето на храната и е многу значаен за здравјето, а ако сакате да дознаете како може да го одгледувате сами дома, кликнете тука.

Освежителен тоник од лимон и ѓумбир 2

Состојки:

  • ½ шолја свежо цеден лимонов сок
  • 3 шолји млака вода
  • ¼ шолја органски мед
  • 1 лажичка свеж изрендан ѓумбир.

Подготовка:

  1. Измешајте го медот со млаката вода, а потоа додајте ги останатите состојки.
  2. Смесата ставете ја во блендер за убаво да се изблендира и медот потполно да се растопи.

Вкусниот и освежителен тоник од лимон и ѓумбир е готов, а може да го пиете како превентива за подобро здравје или напиток кој ќе ја подобри вашата енергија во текот на денот. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате како да ги чувате лимоните свежи и до 1 месец и како може да ја искористите лимоновата кора на разни начини.

Сподели: