Ослободете се од досадните молци во кујната

Имате ли забележано мали пеперутки кои се врткаат низ кујната или облеката? Време е да се ослободите од нив, затоа што не се пријатни посетители и може да ја заразат храната или да ја уништат вашата облека. Бидејќи многумина се соочуваат со молци во кујната, во оваа прилика ќе ви претставиме неколку начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив, а подоцна ќе ве советуваме и како може да ги елиминирате молците од облеката.

Може да ги забележите штом го отворите плакарот со облека или кујнскиот орман. Овие пеперутки ги има во две групи, едни кои ја напаѓаат облеката и едни кои се непријатели во кујната. Молците кои ја напаѓаат облеката, може да ги нападнат и теписите и таписериите.

молци во кујната

Подгответе се за темелно чистење

Куќата чистете ја редовно, а особено посветете внимание на влажните места (тоа важи и за бањата), за да спречите да се населат во вашиот дом. Но, ако веќе се соочувате со овој проблем, прво проветрете ги плакарите, оставата, кујнските ормани и започнете со нивно уништување. Земете правосмукалка и поминете на сите набројани места. Потоа, земете кујнска крпа и врз неа турете киселина. Најдобро е да користите киселина со лаванда, затоа што молците не ја сакаат лавандата. Прочитајте како може да едноставно да направите мирисна киселина од лаванда, а со неа избришете ги сите места, а посебно внимание посветете на ќошовите.

Може да ве интересира: Како да ја употребите мирисната киселина од лаванда?

Штом се појавиле молци во кујната…

Сигурно сте забележале дека во поголемите маркети може да се најдат самолепливи ленти против молци. Тие може да ви помогнат затоа што ги привлекуваат и ловат молците, но често пати имаат многу висока цена. Но, наместо да трошите многу пари може сами да си направите таква трака. Земете самолеплива трака и попрскајте ја со рибино масло. Тоа ги привлекува молците, па лесно ќе паднат во замката. Самолепливата трава може да ја обесите во орманот.

Не заборавајте од кујната да ја исфрлите храната која ја имаат нападнато молците и нивните ларви. Храната која има мирис на бајато и изгледа лепливо, најверојатно е заразена со молци. Исфрлете ја храната, а потоа добро измијте ги садовите во кои сте ја чувале. После миењето, може да ги исплаканите со вода во која сте додале киселина.

За да спречите појава на молци, отворената храна чувајте ја во затворени тегли или пластични садови. Редовно чистете ја кујната и орманите, за да спречите нивно појавување.

Ви предлагаме да прочитате: Колку е чиста вашата кујна?

Сподели: