печена шкрапина во рерна

Печена шкрапина во сос од вино

Ако обожавате риба, овој рецепт е вистински избор за вас! Од кујната на Лана ни доаѓа вистинско медитеранско уживање кои се приготвува многу едноставно. Наместо да го барате најдобриот рибен ресторан, пробајте го медитеранскиот рецепт за печена шкрапина во сос од вино.

Лана препорачува дека може да се користи и друга риба како пастрмка или крап, а тајната се крие во медитеранските зачини. А при подготовката задолжително користете маслиново масло, бело вино, рузмарин и лавор.

печена шкрапина во сос од вино

Состојки:

  • 1 кг замрзната шкрапина
  • 500 грама компири
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • маслиново масло
  • 100 мл вино
  • сок од половина лимон
  • малку рузмарин
  • листови од лавор.

Подготовка:

  1. Шкрапината исчистете ја од крлушките и исечете ја на неколку места од едната страна. Посолете ја и полејте ја со лимонов сок.
  2. Компирите исечете ги на танки кругови (може претходно кратко да ги сварите за време од 10-тина минути).
  3. Кромидот исечете го на четвртини или осмини, а лукот на тенки листови.
  4. Рибата и зеленчуците ставете ги во тава, прелијте ги со малку масло, зачинете со рузмарин, лавор и додајте го виното.
  5. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја во рерна за време од 40 минути. Кога компирите ќе омекнат, извадете ја фолијата, а рибата и зеленчукот прелијте ги со сосот од тавата.
  6. Вратете ја тавата во рерната и печете уште 10-тина минути да добие убава златна боја. Пред сервирање, топлата печена шкрапина наросете ја сечкан магдонос и украсете со парчиња лимон. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Печен крап во рерна.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: