пица во форма на срце

Подгответе пица во форма на срце за само 5 минути

Можеби Св. Валентин е католички празник, но заљубените парови се повеќе го прифаќаат и се одлучуваат да ја прослават љубовта и романтиката. Ако и вие одлучивте да одвоите малку време и да го изненадите партнерот, имаме супер лесен и брз предлог за пица во форма на срце.

Ние се согласуваме со многумина дека не треба само во еден ден да ја славите љубовта. Затоа одлучете се уште денес да направите изненадување со романтична вечера и да измамите насмевка на лицето и да го усреќите вашиот партнер, особено доколку саканата личност е гурман кој сака да ужива во храната и специјалитетите.

Сигурно знаете дека патот кон машкото срце е преку неговиот стомак. За Св. Валентин, можеби најдобрата варијанта е да останете дома и да направите вечера за него. Ако не сте многу умешни во кујната, нема полесна и повкусна вечера од пицата. За да биде поинтересна и полесна вечерата, а да не се двоумите дека може да погрешите при подготовката, ви предлагаме да користите готова замрзната пица. Оние кои се поумешни во кујната може да направат пица со брзо тесто, да ги стават омилените состојки на партнерот и да ја испечат. За оние кои немаат многу време, најдобро ќе биде готовата замрзната пица да ја исечат со помош на ножици во форма на срце и да ја стават во тава за печење, претходно обложена со хартија за печење. Вака приготвената пица ставете ја да се пече на 250 степени за време од 5 до 10 минути, во зависност од упатството кое е наведено на пакувањето на пицата.

На крај, печената пица во форма на срце извадете ја од тавата и послужете ја на чинија за сервирање. На масата ставете свежа салата и чаша црвено вино за потполно уживање!

Ви предлагаме да прочитате: Креативни идеи од храна за романтичен Св. Валентин.

Сподели: