Посна фокача со фил од туна, кромид и домати 1

Посна фокача со фил од туна, кромид и домати

Специјално за љубителите на вкусни печива со фил, а одлична и за сите кои обожаваат посна храна. Оваа посна фокача со фил ќе ги израдува вашите сетила, ќе ги задоволите вашите апетити за вкусно уживање и ќе ги израдува вашите домашни сигурно!

Едноставна е за подготовка, како и многу рецепти кои ги предлага креативната Кате. А, штом доаѓа предлогот од неа, ви потврдуваме дека е превкусно!

posna fokaca so fil od tuna kromid i domati 2

Состојки:

За тесто:

  • 350 гр брашно
  • околу 180-200мл топла вода
  • ¼ коцка свеж квасец
  • ¼ лажичка сол
  • прстофат шеќер
  • 1 варен компир.

За фил:

  • 160 гр туна од конзерва(во парчиња)
  • 1 домат
  • 2 главици црвен кромид.

Подготовка:

  1. Во поголем сад за месење ставете ги сите состојки за тесто и замесете го меко, па оставете го 1 час за да нарасне.
  2. Во меѓувреме кромидот исечете го на потенки резанки и ставете го во тава со малку масло да се пропржи. За време на пржењето додајте и малку вода. Пржете додека кромидот малку омекне.
  3. Откако тестото ќе нарасне поделете го на 2 дела.
  4. Во тава обложена со хартија за печење (или нелеплива тава за печење) со раце растегнете го првиот дел од тестото.
  5. Одозгора нанесете ги состојките за филот. Доматот исечете го  на ситни парчиња и распоредете го, па додајте ги пропржениот кромид и парчињата туна, претходно исцедена од маслото.
  6. Одозгора попрскајте од маслото од туната и поклопете со вториот дел од тестото.
  7. Краевите од двата дела тесто притиснете ги со раце за убаво да се спојат.
  8. Готовата фокача со фил печете ја во загреана рерна на 200 степени, за време од 20-25 минути.

Рецептот го испрати: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солен посен куглоф со праз и спанаќ.

Сподели: