Природен хидратантен крем против егзема

Егземата е хронично заболување на кожата кое најчесто предизвикува чувство на сувост и иритација. На заболената кожа и е потребна дополнителна хидратација со кремови кои не содржат штетни хемикалии со цел да се спречи иритирањето на воспалените места. Со цел да ви помогнеме во надминувањето на овој проблем ви претставуваме еден начин како да направите природен хидратантен крем против егзема.

Кокосовото масло и шеа путерот се докажани сојузници за убава и блескава кожа. Кокосовото масло изобилува со антиоксиданси кои го обновуваат ткивото на кожата и помагаат во неговото заздравување. Шеа путерот е богат со масни киселини кои се есенцијални за хидратација на површинскиот слој на кожата и за зачувување на еластичноста на кожата. Тој, исто така е богат и со витамините А и Е, протеини и минерали. Витаминот Е е неизбежна состојка на сите препарати за убавина. Тој ги неутрализира оксидирачките ефекти на слободните радикали, кои претставуваат примарна причина за клеточна деструкција, оштетување на колагенот во кожата, нејзино стареење, сувост и појава на брчки. Овесот уште многу одамна се користел за третмани за убавина благодарение на амионикиселинскиот баланс кој го поседува оваа житарка. Маслото од лаванда како и маслото од камилица се користи за лекување на егзема, бидејќи го намалува чешањето и иритираноста на кожата.

хидратантен крем против егзема

Состојки:

  • ½ чаша кокосово масло
  • ¼ чаша шеа шутер
  • ¼ чаша овесни снегулки
  • 2 лажици масло со витамин Е
  • неколку капки етерично масло од лаванда или камилица.

Подготовка:

  1. Овесните снегулки сомелете ги во блендер така што ќе добиете фин прав.
  2. Потоа, во мала чиста тегла ставете го кокосовото масло. Бидејќи, екстра девственото, органско кокосово масло е во цврста состојба, теглата ставете ја во тенџере со врела вода за да се растопи и стане течно.
  3. Во растопеното кокосово масло додајте неколку капки етерично масло од лаванда или камилица и 1/4 чаша шеа путер. Сите состојки добро измешајте ги така што ќе добиете хомогена смеса.
  4. Додајте го и овесот, па смесата кратко загрејте ја.
  5. На крај додајте го и маслото со витамин Е.
  6. Вака подготвениот хидратантен крем за лице против егзема оставете го да се излади, па турете го во чиста тегла со капак и оставете го во фрижидер за да се стегни.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен крем за околу очи од кокосово масло со витамин Е.

Сподели: