Добрите кремови за околу очи најчесто се многу скапи, затоа што тие содржат активни супстанции кои ги ублажуваат брчките и темните кругови. Но, наместо да трошите многу пари, направете си домашен крем за околу очи од кокосово масло. Ви претставуваме супер рецепт кој ги ублажува овие проблеми, а се подготвува за само 5 минути. Па така, со употребата на овој домашен крем за околу очи секогаш ќе изгледате свежи и одморени, а сигурно за неколку години помлади.
Оние кои го пробале рецептот тврдат дека овој крем по резултатите може да се спореди со некои од најскапите и најценетите кремови. Интересно е што за неговата подготовка ви се потребни само две моќни состојки и можете да го направите многу лесно во домашни услови. Кокосовото масло кое се користи за негова подготовка изобилува со антиоксиданси кои го обновуваат ткивото на кожата и помагаат во неговото заздравување. Витаминот Е најчесто се содржи во сите производи за нега на кожа на лице и тело, а тоа е така затоа што тоа има антиоксидансно дејство и ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. На тој начин овој витамин ја прави кожата да изгледа помлада.

Состојки:
- 30 грама екстра девствено, органско кокосово масло
- 1 ампула или 4-5 капки масло со витамин Е.
Подготовка:
- Во мала чиста тегла ставете го кокосовото масло. Бидејќи, екстра девственото, органско кокосово масло е во цврста состојба, теглата ставете ја во тенџере со врела вода за да се растопи и стане течно.
- На ампулата со витамин Е направете мал отвор и нејзината содржина додајте ја во теглата со кокосово масло. Доколку имате органско масло витамин Е, тогаш доволно ќе биде да додадете 4-5 капки од истото. Но, и доколку не се придржувате точно до овие мерки нема да погрешите, бидејќи од овие состојки секако нема да имате штета туку само корист.
- Двете масла промешајте ги со помош на дрвена лажичка и вашиот крем е спремен за употреба.
Начин на чување и употреба:
- Кремот можете да го чувате во фрижидер или пак на собна температура. Без разлика на дали е во течна или цврста состојба, ефектот и во двата случаи ќе биде ист.
- Овој крем се нанесува два пати на ден, на чиста кожа во мали количини. Се впива многу брзо, па не треба да се плашите дека вашето лице ќе биде масно и сјајно.
Совет плус: Доколку сте алергични на витамин Е, можете да користите само кокосово масло. Ефектот ќе биде малку намален, но сепак сличен.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен крем за отстранување на лузни од лицето.