Регенерирачка маска од мајонез за сува и оштетена коса 1

Регенерирачка маска од мајонез за сува и оштетена коса

Звучи необично, а од оние кои ја практикуваат оваа маска дознавме дека мајонезот помага за зајакнување на косата и го поттикнува и забрзува нејзиниот раст. Ја хидрира, а исто така и дава природен сјај, кој посебно е забележлив на краевите. Исто така, ја подобрува нејзината структура и го прави влакното поеластично. Па пробајте, рехидрирајте ја и обновете ја сувата и оштетена коса со хранливата и регенерирачка маска од мајонез во домашни услови.

Не само што не е скапа, туку е и безбедна за употреба и без хемикалии. Мајонезот содржи масло, жолчки и други природни состојки кои се корисни за нега на косата. Истите, на косата и пружаат цврстина и зајакнување на коренот на влакното, што ја подобрува нејзината густина. Еве што ви е потребно за да ја пробате.

Регенерирачка маска од мајонез за сува и оштетена коса 2

Потребно:

  • 1/2 чаша мајонез
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица млеко.

*Ако имате подолга коса, зголемете ја дозата по потреба.

Подготовка:

  1. Мајонезот оставете го да постои на собна температура околу 5 минути.
  2. Потоа, во чист сад измешајте го со медот и млекото, додека добиете хомогена смеса.

Начин на нанесување и насоки за употреба

  1. Со помош на четка, маската нанесете ја на влажна коса по целосната должина на влакното. Доколку косата е сува само на врвовите, по желба може да го избегнувате коренот. Важно е маската од мајонез да ја нанесете пред капење.
  2. Откако сте завршиле со нанесувањето, косата завиткајте ја со најлонска ќеса, а потоа со крпа.
  3. Оставете ја маската да делува за време од 30 минути или до 1 час.
  4. На крај, само исплакнете со топла вода, шампон и балсам за коса, кој е корисен за неутрализирање на мирисот и испирајте ја подолго за добро да излезе маснотијата.
  5. Ваквата маска од мајонез за сува и оштетена коса, се користи еднаш до 4 пати месечно, зависно од типот на косата. Доколку ви е многу оштетена и сува, може да се обидите со повеќе повторувања, односно максимално 2 пати неделно. За неколку третмани ќе треба да ја почувствувате разликата на косата. Таа ќе биде нежна, сјајна и мазна.

Ви предлагаме да прочитате: Природни третмани против опаѓање на косата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: