Салата од рен во тегла

Ренот е исклучително здрава состојка. Тој помага против сезонските грипови и настинки, па затоа е многу важно да се најде начин истиот да се зачува и консумира во зима. Затоа, денес ви претставуваме еден рецепт за салата од рен со јаболкова киселина во тегла.

Многу луѓе избегнуваат да го консумираат ренот бидејќи тој има многу јак вкус. Едно од решенијата против овој проблем е истиот да го изрендате, исцедите, па потоа да го измиете во 1 или 2 води и повторно да го исцедите од течноста. Вака подготвениот рен може да го помешате со павлака и да го консумирате како салата. А, во продолжение ви претставуваме рецепт за салата од рен во тегла која може да ја консумирате преку целата зима. Оваа салата исто така има послабо изразен вкус на рен, па ќе ви биде пријатна за консумација.

салата од рен во тегла

Состојки:

  • 130 г корен од рен
  • 150 мл јаболкова киселина.

Подготовка:

  1. Ренот темелно измијте го, па потоа изрендајте го со помош на рачно ренде или пак сомелете го со сечко или блендер.
  2. Изренданиот рен ставете го во чиста тегла.
  3. Јаболковата киселина ставете ја врз ренданиот рен и добро затворете ја теглата.
  4. Вака подготвената салата чувајте ја во фрижидер до 12 месеци.

Напомена: Доколку сакате по ваша желба за поголема количина може да ги дуплирате состојките и да си направите повеќе тегли со салата од рен и јаболкова киселина. Ние ви гарантираме дека истата покрај тоа што е исклучително здрава има и пријатен слабо изразен вкус на рен.

Ви препорачуваме да прочитате: Добра ли е лутата храна за здравјето? – Дознајте што велат истражувањата!

Сподели: