Сензационално пилешко со бело вино

Ако на прво се запрашате дали сакате да пробате пилешко месо приготвено на овој начин, веднаш да ви одговориме, без двоумење да го направите и пробате! Пилешкото припремено на овој начин има посебен впечатлив сладникав вкус, а зрната грозје добиваат посебни вкусни ноти.

И, не би го тврделе ова доколку овој рецепт не беше предлог на нашата драга пријателка од блогот Kuhinjica mignone, која сама ги подготвува и фотографира рецептите кои ги дегустираат голем број луѓе. Уживајте во новиот несекојдневен вкус, предложете го и на своите пријатели и на здравје!

Сензационално пилешко со бело грозје

Еве како може да го направите овој вкусен специјалитет со пилешко месо, грозје и бело вино:

Состојки:

  • 1 помало пиле
  • 200 гр бело грозје
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл бело вино
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло
  • други зачини по желба.

Подготовка:

  1. Пилешкото исечете го на помали парчиња и малку посолете го од двете страни.
  2. Во загреана масло, кратко пропржете ги чешнињата лук, доволно колку да замириса, а потоа додајте го пилешкото месо и кратко испржете го од двете страни за да фати кора.
  3. Налејте го белото вино и намалете ја температурата. Динстрајте на тивок оган околу 30 минути додека течноста испари, а ако е потребно додајте уште малку вода.
  4. На половина динстање, свртете го месото од другата страна и додајте ги зрната бело грозје.
  5. Оставете уште 15-тина минути да се динстаат сите состојки заедно, па на крај зголемете ја температурата за пилешкото фино да зарумени. Кога ќе добие убава румена кора и кога скоро цела течност е испарена, специјалитетот е готов.

Ви предлагаме да сервирате со ориз и сечкан магдонос или да ја искористите својата фантазија на поинаков начин. Ќе уживате во вкусот, гарантираме!

 

Сподели: