сок од банани со мед

Сок од банани со мед

Сокот од банани се прави многу лесно, а доколку го вклучите во секојдневната исхрана ќе забележите неверојатни промени во вашето здравје. Почнувајќи од подобра дигестија на храната, намалено ниво на стрес и зголемена енергија. А, во продолжение дознајте како да направите сок од банани.

Сокот од банана може да го подобри целокупното здравје, а особено им се препорачува на пушачите, бидејќи ги намалува штетните последици кои ги предизвикуваат цигарите. Бананите се богати со витамините Б3, Б5, Б6 и Ц. Па, воопшто не е чудно што го зајакнуваат имунитетот. Тие содржат и растителни влакна, па на тој начин позитивно влијаат и на работата на системот за варење.

сок од банани

Здравствени придобивки од сокот од банана се огромни, а еве дел од нив:

  • После одреден временски период од редовната консумација на сокот од банана, се подобрува работата на дигестивниот систем и се намалува констипацијата.
  • Позитивно влијае и на расположението благодарение на триптофанот кој го содржат бананите. Тој го стимулира создавањето на серотонин, хормонот на среќа. Па така, доколку имате стресна работа, сокот од банана е вистинскиот напиток за вас.
  • Го зголемува нивото на енергија, па воопшто не е чудно што спортистите секогаш јадат банана пред тренинг.
  • Ја подобрува концентрацијата.
  • Според некои истражувања консумацијата на банана може да им помогне и на лицата кои имаат проблеми со чир на желудник.

Затоа направете го овој сок и почувствувајте ги придобивките кои ги нуди природата.

Состојки:

  • 2 банани
  • 120 мл млеко (може да користите и растително млеко)
  • 2 лажици мед
  • екстракт од ванила по желба.

Подготовка:

  1. Бананите излупете ги и исечкајте ги на парчиња.
  2. Во блендер или кујнски сечко ставете ги парчињата банана, млекото и медот и се изблендирајте додека добиете густи сок.
  3. Во вака подготвениот сок од банани може да додадете по ваша желба и малку екстракт од ванила за подобар вкус.
  4. Сокот од банани консумирајте го за време на појадокот или како енергетски пијалак пред вежбање.

Напомена: Во замена за млеко може да искористите и млеко во прав, така што ќе додадете 3 лажици млеко во прав и 1 чаша вода. По ваша желба, овој сок може да го засладите со шеќер или ванилин шеќер, но сепак здравствените придобивки се поголеми доколку користите мед. Доколку сакате да се освежите може да додадете и коцки мраз.

Ви препорачуваме да прочитате: Посно смути со јаболко и банана.

Сподели: