Сочна посна штрудла со јаболка и ореви 1

Сочна посна штрудла со јаболка и ореви

Ја обожаваме нашата богата и сочна посна штрудла, а нема таков кој ја пробал и не се воодушевил од нејзиниот вкус! Крцкава кога ќе ја гризнете, а сочна во внатрешноста, идеално добра! – Се прави едноставно и од избрани состојки, па гарантирано ќе ја направат совршена и неискусните готвачи.

Бидејќи домашното често пати е незаменливо добро, искрено ви ја препорачуваме, испробана е во нашата кујна!

Сочна посна штрудла со јаболка и ореви 2

Состојки:

  • 500 грама свежи кори

За фил:

За попрскување:

За поросување:

Сочна посна штрудла со јаболка и ореви 4

Подготовка:

  1. Најпрво се припрема филот. Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги, па изрендајте ги и ставете ги во поголем сад во кој ќе го припремате филот. За највкусен фил, ако можете, ставете малку овенати јаболка или изберете поблага сорта.
  2. Во садот со ренданите јаболка, додајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер, гризот, циметот и оревите. Оревите може да се сечкани или толчени. Измешајте добро.
  3. На чиста работна површина раширете ги корите и започнете со подготовка на штрудлата.
  4. Земете една кора, попрскајте ја со лажица газирана вода и лажица Брилијант масло. Над неа ставете нова кора и исто така попрскајте ја. Ставете трета кора и попрскајте ја со водата и маслото, а потоа на еден од краевите, по целата должина ставете ,,планина” од фил, рамномерно распореден.
  5. Внимателно завиткајте ја кората во ролат, така што ќе оставите малку простор околу филот, за добро да може да се изврие филот и штрудлата да биде крцкава.
  6. Готовата штрудла преместете ја во плех обложен со хартија за печење.
  7. Постапката повторувајте ја додека се потрошат корите и филот, а зависно од производителот, ќе добиете најмалку 4 ролни штрудла.
  8. Со добро наострен нож, секоја од ролните исечете ја на парчиња со должина од околу 5-6 см. Така ќе добиете 20-24 парчиња штрудла од една доза.
  9. Секое од парчињата, пред печење потурете го со неколку капки Брилијант масло.
  10. Печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 40 минути.
  11. На крај, готовата посна штрудла поросете ја со шеќер во прав и уживајте во светот на вкусовите. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крем пита со пудинг.

Сочна посна штрудла со јаболка и ореви 3

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: