Со сок од пченична трева до подобро здравје 1

Со сок од пченична трева до подобро здравје

Во последно време, свежиот сок од пченична трева се нарекува „зелено злато за здравјето“, а тоа е така затоа што спаѓа во најздравите додатоци на исхрана. Богат е со хлорофил, антиоксиданси, витамини и минерали.

Ова не е новост, веќе подолго време се изучуваат и користат лековитите својства на пченичната трева. Така, утврдено е дека сокот добиен од неа ја подобрува работата на крвотокот, го намалува апетитот, го подобрува имунитетот, а се верува дека делува корисно и превентивно против канцер. За да го направите сокот потребен ви е соковник и пченична трева.

Со сок од пченична трева до подобро здравје 2

Како да одгледате пченична трева и што потоа?

Едноставна е за одгледување и во домашни услови. Не пости поефтин, а поделотворен производ од здравиот сок од неа. Едноставно ја сеете пченицата во сад со земја, во кој ставате тенок слој на пченица, која еден ден претходно сте ја распослале врз влажна хартија, за да пушти никулци. Наводнувајте ја повремено и чекајте да порасне, тоа е се. Ќе можите да берите по 9-10 дена откако ќе ја посеете.

Откако ќе ја имате пченичната трева на располагање, измијте ја и ставете ја во соковник за да ја исцедите. Ако немате соковник, тукушто набраната пченична трева ставете ја во блендер со малку вода и пијте го напитокот додека е свеж.

За што е корисен сокот од пченична трева?

Сокот од пченична трева се користи како чистач на организмот, затоа е посебно значаен дел на детокс третманите. Има висока содржина на хлорофил, ја подобрува циркулацијата, а може да влијае директно и на спречување на воспаленија во организмот.

Секојдневно консумирање на овој сок може да ви го зајакне имунитетот, залечува болно грло и спречува проблеми со лимфлите јазли. Може да се каже дека го подобрува здравјето на целиот организам. Го подигнува нивото на енергија и подмладува.

Ако ви е тежок вкусот и не можете да се навикнете, мешајте со овошје. Сепак, најдобро е сокот да го пиете чист.

Се препорачува на почеток да пиете по 300 мл дневно, а по 7 дена да земате двојна доза и тоа исклучиво на празен стомак и најмалку половина час пред оброкот.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 причини зошто да пиете сок од цвекло.

Сподели: