Топ 5 совети за домашно одгледување на зачини во кујната 1

Топ 5 совети за домашно одгледување на зачини во кујната

Вашите специјалитети ќе добијат посебна нота ако додадете малку домашен зачин, а ние од искуство знаеме колку е голема радоста кога ќе го произведете сами. Сме пробале и чувство е одлично! Домашното одгледување на зачини во кујната е интересна  задача, а секојдневното набљудување на напредокот на растенијата буди многу убави и пријатни емоции.

Научете како да ја збогатите кујната со зеленило, а омилените јадења со домашни зачини!

Топ 5 совети за домашно одгледување на зачини во кујната 2

Еве неколку совети за одгледување на зачини во кујната:

  1. Планирање. Најпрво припремете соодветни саксии или други погодни садови ако сакате да биде покреативни. Важно е садот кој ќе го одберете за зачинот да расти да одговара на неговата големина во подолг период, а можете да употребите конзерви, кантички и слично. Било да изберете саксија или да примените друга идеја, важно е на дното да има отвори за водата да истекува, како и тацна која ќе стои под саксијата.
  2. Припрема. Набавете земја која е добра и расади од избраните растенија. Добар избор за бавча во кујната можат да бидат ориганото, магдоносот, рузмаринот, босилекот, власецот, жалфија, мајчина душица, нане и естрагон. Најдобро вашиот избор да го направите според вкусот и јадењата кои сакате да ги готвите.
  3. Садење. Распрашајте се колку простор е потребен и внимавајте на тоа. Добар совет може да добиете од локалние продавачи од каде што ќе го набавите расадот. Ставете земја до половина од саксијата, малку издлабете, поставете го расадот, па дополнете ја саксијата со земја. На крајот налејте вода и благо притиснете ја земјата со околу стебленцето за растението да биде стабилно.
  4. Налевање. Не заборавете редовно да ги налевате вашите зачини. Растенијата се сушат побрзо доколку се во саксија отколку во дворот, па затоа треба да се трудите постојано да ја одржувате нивната земја влажна.
  5. Трпение. Исчекувањето за зачините да пораснат и да ги набереме првите ливчиња, навистина може да делува како вечност. Затоа е важно да имате трпение. Почекајте растението да постигне висина од 15-20 см пред да почнете да ги берете. Се препорачува да не кинете повеќе од ¼ од листовите, како и да почекате ливчињата да се обноват пред новата берба.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 чекори како да засадите и одгледувате ѓумбир во саксија.

Сподели: