испукани врвови на косата

Третман за испукани врвови на косата

Состојките од кујната често пати ги користиме и за нега на кожата и косата. Природни се, немаат штетни ефекти врз природата и здравјето, и што е најважно, лесно ни се достапни и не се скапи. Па, така се роди и идејата за споделување на овој третман за испукани врвови на косата со кокосово масло.

Ако имате проблеми со сува коса и испукани врвови, време е да го пробате овој третман за кој не е потребно да посетувате ексклузивни салони или пак да потрошите многу пари. Оние кои што го пробале, тврдат дека косата добива здрав изглед, свиленкаста е и хидрирана. А резултатите се видливи по третото користење на третманот.

испукани врвови на коса

Состојки:

  • 1 лажица органско кокосово масло
  • 2 капки етерично масло од нане.

Подготовка и начин на користење:

  1. Кокосовото масло измешајте го со маслото од нане. Добиената маска ставете ја врз сува коса од коренот, па се до врвовите.
  2. Ако косата вие подолга, соберете ја во пунџа, покријте ја со капа за туширање или чиста крпа. Оставете го третманот да дејствува за време од најмалку 30 минути.
  3. Потоа добро измијте ја косата со шампон за да се отстрани кокосовото масло. По потреба ставете регенератор и исушете ја на стандарден начин.
  4. Уште по првиот третман ќе бидете изненадени од изгледот на косата.

Ви предлагаме да прочитате: Третман за коса со топло масло.

Сподели: