Трик со сода бикарбона против темни подочници 1

Трик со сода бикарбона против темни подочници

Ова е еден од „најголемите“ проблеми со кои се соочуваат голем број на жени, а и често пати и мажите. На некој начин преставува и естетски проблем, па нема кој не би сакал да преземе нешто против тоа. Токму затоа, ви предлагаме да пробате домашно решение кое помага против отечени и уморни очи. Трикот со сода бикарбона против темни подочници може ќе ви помогне, па пробајте го.

Стресниот начин на живот, недостатокот на сон, оштетувањата на очите од мониторите и телефоните, зголемената диоптрија која го влошува видот, хроничниот умор, дехидратацијатата, сите тие се фактори кои придонесуваат за оваа појава да е што почеста и поизразена. Клучната состојка за домашниот третман е содата бикарбона, а откривме дека делувал ефикасно кај повеќе лица.

Трик со сода бикарбона против темни подочници 2

Потребно:

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 шолја врела вода
  • памучни тупфери (најдобро од оние што се кружни и тенки) .

Подготовка и начин на употреба:

  1. Подготовката е многу лесна, само треба да ја разматите содата бикарбона во топлата вода.
  2. Потоа натопете ги тупферчињата со течноста и ставете ги под очите, на местото на темните кругови.
  3. Оставете ги да стојат под очите околу 10-15 минути, а потоа измијте го лицето и нанесете хидратантна крема. Ако постапката ја повторувате во ток од две недели секојдневно, ќе забележите драстична разлика.

Ви препорачуваме да прочитате: Ослободете се од темните подочници за 2 недели со домашен препарат.

Сподели: