Црвениот азуки грав, одличен за цел организам 1

Црвениот азуки грав, одличен за цел организам – 8 здравствени придобивки

Латинското име на оваа мешунка е Vigna angularis, a најмногу се одгледува во Источна Азија и во Хималајскиот регион. Вкусниот азуки грав често е застапен во исхраната на Јапонците, Кинезите и Корејцитe. Но, во секој случај поради лесниот транспорт на храната на денешно време, азуки гравот се извезува и јаде насекаде во светот. 

Овој грав најчесто се употребува за подготовка на јапонскиот специјалитет нато, но неговата примена е голема и во разни други солени рецепти или за подготовка на десерти, што е карактеристичното за него. Така, првенствено е наменет за десерти поради неговиот специфичен вкус, а многу е корисен за цел организам. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на азуки гравот во исхраната.

Црвениот азуки грав, одличен за цел организам 2

Здравствени придобивки од употребата на азуки гравот

  1. Дигестивни проблеми. Азуки гравот е доста богат со растителни влакна, а токму тие се основа за доброто здравје на дигестивниот систем. Влакната ја стимулираат перисталтиката (движење на храната низ дигестивниот систем) и овозможуваат апсорпција на нутриентите од храната. Влакната превенираат и појава на констипација, дијареа и подуеност, а помагаат дури и во превенцијата на ракот на дебелото црево.
  2. Превенција на дијабетес и справување со оваа болест. Влакната во азуки гравот имаат уште една функција, а тоа е да ја регулираат активноста на инсулинските рецептори во телото со што се одржува нормално ниво на шеќер во крвта. Ова може да помогне во превенција на дијабетес или во регулирање на симптомите кај веќе присутниот дијабетес.
  3. Здравје на срцето. Фолната киселина, калиумот, магнезиумот и растителните влакна се одлична моќна комбинација за подобрување и одржување на здравјето на срцето. Влакната помагаат и во балансирање на нивото на холестерол во крвта, калиумот ги релаксира крвните садови и го зголемува протокот на крв низ крвните садови, а со ова се намалува и притисокот. Ова може да ви ги намали шансите за појава на атеросклероза и за настанување на инфаркт или мозочен удар.
  4. Раст и обновување на ткивата. Во азуки гравот има голема количина на протеини кои во дигестивниот систем се разградуваат до аминокиселини и како такви се употребуваат за создавање на нови клетки, ткива и органи, или за нивна обнова.
  5. Ви помага при слабеење. За многу Азијци со прекумерна телесна маса, азуки гравот е прв избор кога треба да се намали телесната маса, бидејќи тој содржи само 150 ккал, на 115 гр варен грав, што ќе ве засити, а ќе ви даде и доволно протеини и останати нутриенти.
  6. Детоксикација на телото. Азуки гравот содржи еден минерал во трагови кој се вика молибден и тоа овој минерал го има во големи количини. Молибденот не е многу застапен во храната, а игра клучна улога во детоксикацијата на црниот дроб. Дури и половина порција од азуки гравот ни дава 100% од дневните потреби од молибденот.
  7. Вродени дефекти. Големата количина на витамините од В групата, поточно на фолната киселина, може да превенираат вродени дефекти кај неродените бебиња. Дефектите на неуралната туба се директно поврзани со недостатокот на фолна киселина, па нејзините големи количини во азуки гравот може да овозможат правилен развој на фетусот.
  8. Здравје на коските. Ако сакате да превенирате остеопороза, тогаш минералите како цинк, бакар и магнезиум ви се неопходни за да ги зајакните коските и да спречите деминерализација на коските.

Автор: Маја Велковска.

Ви препорачуваме да прочитате: Бел грав – супер храна за секој организам.

Сподели: