7 едноставни чекори до балансирана исхрана 1

7 едноставни чекори до балансирана исхрана

Постојат луѓе за кои е многу тешко да се одречат од тестенините и силната храна која го држи организмот сит и наместо тоа повеќе да јадат салати. Но, секој од нас треба да знае дека промените кон балансирана исхрана овозможуваат прочистување на организмот и чување на неговото здравје. Да започнеме!

Отфрлете ги сите рафинирани шеќери и житарици

Ова е одличен начин да започнете од некаде. Избегнувајте да јадете чоколадца наместо оброк и храната која е направена од бело брашно. Ви изгледа невозможно, нели? Станува збор за тоа што телото мора да работи напорно за да ги свари оброците со бело брашно, а тие не содржат доволни количини на растителни влакна и други корисни состојки во задоволителна количина.

Наместо тоа, јадете повеќе интегрални житарици богати со растителни влакна, или пробајте да ги замените со збогатена количина на зеленчук во исхраната.

7 едноставни чекори до балансирана исхрана 2

Внимајте на маслото

Користењето на погрешно масло при припремата на може да ве врати чекор назад во вашата цел. Избирајте чисти масла и по можност ладно цедени и нерафинирани. Маслиново и кососово масло се добри избори.

Исчистете го организмот

Пред секој оброк напијте се мала лажичка јаболкова киселина која може да ја измешате со вода. На овој начин ќе го стимилурате варењето. Исто така, за замена може да користите цеден лимонов сок, но без шеќер! Можете да пиете и свежо цеден сок од црвен грејпфрут, секое утро. Многу важно, оддалечете се од напитоците полни со шеќер, коктелите и жестокиот алкохол.

Разновиден зеленчук, протеини и  зачини

Заменете ја пицата со бело пилешко месо и гответе повеќе на скара, наместо да пржите. Зелениот зеленчук и производи од цело зрно се добар избор. Кога сме кај зачините, голем број од нив имаат детоксикациони својства и го потпомагаат варењето. На пример, рузмаринот го стимулира црниот дроб да се ослободи од токсините. Други добри зачини се: магдонос, куркума, лук и кари.

Горко и зелено

Руколата е типичен пример за тоа, а другите листести зеленчуци се добри за честа консумација. Горката храна го активира сетилото за вкус, а тоа го поттикнува производството на ензими за подобро варење на храната и влијае врз ресорпцијата на хранливите состојки. Освен тоа, ваквата храна изобилува со растителни влакна и помага за подобро варење на мастите.

Направете си и понесете со себе ручек кога има потреба

Наместо да јадете што ќе ви се најде пред вас, одлучете се да мислите на своето добро. Важно е да го снабдите организмот со здрави масти и протеини за време на ручекот. Ако немате време да готвите понекогаш јадете конзерва од риба, или до колку сте во можност нарачајте здраво приготвено месо.

Грицки

Ничие мени не е совршено, а зависи и како ни реагира организмот на разните намирници. Но, често постојат „празнини“ помеѓу оброците кога сакаме нешто да изедеме. Посегнете по јаткасто овошје, доволни ви се 30 грама или најдобро изедете свежо овошје. Здраво, а сепак сити!

Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикација во 5 чекори.

Сподели: