чоколадни мафини со ореви 1

Чоколадни мафини со ореви

Превкусни се! Овие чоколадни мафини со ореви изобилуваат со чоколадо и сензациите кои ќе ги почувствувате при јадењето се незамисливо добри! А, доколку немате калап за мафини, воопшто не грижете се, истата смеса од која се подготвуваат мафините можете да ја ставите во плех и потоа да исечите колачиња во вид на коцки. 

чоколадни мафини со ореви 2

Состојки:

  • 200 гр темно чоколадо за готвење
  • 125 гр маргарин или путер, исечен на коцки
  • 1 ¼ шолја шеќер
  • ¾ шолја брашно
  • ¼ шолја какао
  • 150 гр сечкани ореви
  • 3 јајца.

Подготовка:

  1. Чоколадото и маргаринот ставете ги во огнооотпорен сад, кој е поставен врз друг сад со вода за да се растопат на пареа. Внимавајте горниот сад да не ја допира водата со дното.
  2. Откако смесата ќе се изедначи оставете ја настрана да се излади.
  3. Во одделен сад ставете ги јајцата, шеќерот, брашното, какаото и оревите, а потоа и додајте ја претходно направената смеса од чоколадо и маргарин (или путер).
  4. Убаво промешајте за смесата добро да се изедначи.
  5. Турете ја смесата во калапи за мафини, но не ги полнете до крај затоа што при печењето смесата ќе нарасне. Пожелно е претходно да ставите хартиени кошнички, па на тој начин колачињата ќе изгледаат поинтересно и лесно ќе ги извадите од калапите.
  6. Печете на 180 степени, за време од 40-45 минути, а потоа препуштете се на бескрајното слатко уживање кое го пружаат вкусните чоколадни мафини со ореви.

Рецептот го испратил: Емилија Ицоска.

Сподели: