Една деценија постоење на Portal Café во Битола! И по тој повод, ќе има голема јубилејна забава на Portal, на која ни посакуваат добредојде на сите!
Еве што велат: „Со огромно задоволство и гордост, овој пат, на 09.05.2018-та, во среда, славиме 10 години успешна работа на Portal! Славиме за сите посетители кои сме ги усреќиле, за сите прекрасни кафиња кои сме ги направиле, за генерациите кои пораснаа со нас и се наше секојдневно друштво, славиме за безбројните забави кои сме ги правеле заедно со вас! Професионалниот тим кој е заслужен за вашата радост ве очекува. Дојдете да наздравиме за нашата успешна приказна и за нови успешни години работа! За забавата ќе се погрижат докажаните Dј Zombe i Dj Shvaba! Започнуваме во 21:00 часот, во Portal во новиот пазар. Ве очекуваме во голем број, како и секој роденден!“

Среќен 10-ти роденден Portal и да славите уште долги години!
Ви препорачуваме: Посетете ја фан страницата на Portal Café, кликнете Like и следете ги сите новости.